Милијардерот Илон Маск е татко на осуммесечни близнаци родени од извршна директорка во неговиот стартап за вештачка интелигенција „Неуралинк“ (Neuralink), објави „Инсајдер“ (Insider), повикувајќи се на судски документ.
Маск и директорката во април побарале од судија во Тексас да ги смени имињата на децата за да ги одразуваат презимиња и на двајцата, пишува „Инсајдер“. Според извештајот, барањето било уважено.
Со овие две бебиња вкупниот број на познати деца на Маск се искачи на девет. Тој и се залага за зголемување на популацијата како дел од неговата визија за колонизирање на други планети.
„Неуралинк“ е компанија тесно контролирана од Маск, а тој не одговорил веднаш на прашањата испратени по електронска пошта, додека пак oд Bloomberg не биле во можност веднаш да добијат копија од судскиот документ.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...