Општо

Инфлацијата го отежнува и љубовниот живот

Извор: Paulina Cachero/Bloomberg

22. Јули 2022, 11:31

Не е до тебе, до инфлацијата е: како зголемените цени го менуваат излегувањето на состаноци

Инфлацијата го отежнува и љубовниот живот

Bloomberg

Иако се вели дека љубовта е бесплатна, излегувањата поради љубов и тоа како претставуваат трошок.

Со американската инфлација на највисоко ниво во повеќе од 40 години, состаноците и запознавањата добија нова ценовна димензија.

Купувањето готова храна надвор од домот во јуни поскапело за 7,7 отсто во споредба со истиот период лани, а целосната услуга во ресторан е за 8,9 отсто поскапа. Цените на алкохолните пијалоци се повисоки за четири отсто.

Оние на кои љубовта им е во фокусот велат дека чувствуваат раст на цените. Од 3.000 корисници на апликацијата за запознавање „Хинџ“ (Hinge), 41 отсто рекле дека се позагрижени за трошоците за излегување отколку една година порано.

Така, Емили Дерби, 27-годишна девојка од Тaлса, Оклахома, вели дека нејзините трошоци за дружење и запознавање отишле од 200 на 400 долари.

„Кога ќе го вклучите патувањето за да се видите личноста, купувањето, излегувањето во ресторан и враќањето дома, испаѓа дека лесно е да потрошите 100 долари за еден состанок“, вели таа.

На друга апликација за запознавање, „ОК Кјупид“ (OKCupid), 34 отсто од нејзините 70.000 корисници рекле дека инфлацијата влијае на нивниот љубовен живот.

„Сега е потешко да бидете возбудени околу запознавањата бидејќи ако работите тргнат на лошо, ќе останете без 50 до 100 долари“, вели 25-годишната, Сет Розенберг од Филаделфија.

Bloomberg
Според апликацијата OKCupid, во последните четири години има нагорен тренд во процентот на оние кои бараат партнери со 'подлабоки џебови' 

 

Ејми Нобил од Њујорк, која работи со клиенти за да ги подобри нивните шанси да го запознаат вистинскиот партнер, вели дека многумина плаќаат 15.000 долари за четиримесечна програма за учење вештини. Но, и покрај фактот што очигледно не им недостасуваат пари, и тие сега се обидуваат да ги намалат трошоците на половина, па за на еден состанок да потрошат 75 долари или помалку, наместо 150 долари.

„Оние кои долго време се во потрага по партнер, чувствуваат дека мора подобро да менаџираат со своите пари“, вели Нобил.

Напнатост во ресторан

Додека некои имаат одбивност кон евтините состаноци, Логан Ури од „Хинџ“ вели дека пандемијата исто така ги направила луѓето поотворени за покреативни средби како пикник во локалниот парк или посета на локалниот пазар за производи со цел заедно да набават состојки за да подготват оброк дома.

За оние кои претпочитаат традиционална вечера надвор, во ресторан, тензиите се зголемуваат околу тоа кој ќе ја плати сметката.

Нобил ги советува машките клиенти да ги сносат трошоците за време на фазата на додворување, иако сега во многу ситуации мажите бараат поделба на трошоците, на што Нобил ги предупредува своите женски клиенти.

„Им велам дека кавалери сè уште постојат, но можеби тоа се рефлектира повеќе надвор од сферата на парите“, вели Нобил.

Кај Американците расте желбата да се најде партнер кој е финансиски моќен. Во изминатите три месеци, оние кои рекле дека имаат пари на OkCupid постигнале 16 отсто повеќе совпаѓања и добиле седум отсто повеќе „лајкови“ од оние што рекле дека немаат.

Зголемениот фокус на финансиите, исто така, води до тоа повеќе луѓе да разговараат за кариерата и парите на првиот состанок.

Емили Дерби вели дека нејзиниот потенцијален партнер се шегувал за тоа дека бара партнерка која ќе помогне да се плати за зголемените трошоци за гориво и имал зајадливи коментари за тоа „колку се скапи жените“. Нивниот обид за врска завршил по два месеца.

Сите новости од рубриката Останато

Останато

сите новости од рубриката Останато