text size
Веста дека светскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ (Microsoft) претстави нова програма за откуп на сопствени акции вредна 60 милијарди долари вчера беше во центарот на вниманието на меѓународните инвеститори. Станува збор за една од највредните компании во светот, на која побарувачката за софтвер за развој на вештачка интелигенција ѝ донесе голема полза во изминатиов период и раст на акциите од 31 процент во минатата година. Иако македонскиот пазар на капитал е светлосни години назад во однос на американскиот и може само да сонува за компании со пазарна капитализација што надминува стотици милијарди долари, практика на откуп на сопствени акции постои и кај нас. Анализиравме кои македонски компании откупуваат сопствени акции и кои се причините поради кои акционерските друштва се одлучуваат на таков чекор.