text size
Инвеститорите во акциите на компаниите што се дел од македонскиот берзански индекс МБИ10 деновиве се во исчекување на објавата на финансиски резултати за 2025 година, од кои ќе може да се насети какви би можеле да бидат нивните дивидендни политики. Главните прашања се дали воопшто ќе има исплата на дивиденда и дали може да се очекува зголемување на износот во однос на претходната година. Ако се земат предвид искуствата од изминативе години и остварените резултати на компаниите од МБИ10 во периодот јануари-септември 2025 година, тогаш би требало да се очекуваат позитивни одговори на двете прашања за повеќето компании.