Биткоинот продолжи да губи на вредност по изјавите на претседателот на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, кои го намалија очекувањето за ново намалување на каматните стапки оваа година.
Најголемата светска криптовалута падна за 3,1 отсто, под нивото од 108.000 долари, пред делумно да ги надомести загубите во четвртокот. Падот следуваше по одлуката на Фед да ја намали референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на опсег од 3,75 до 4 отсто (второ последователно намалување), додека Паул предупреди инвеститорите да не очекуваат нови автоматски намалувања.
Прочитај повеќе
Конференција на „Блумберг Адрија“ и скриени дијаманти на регионалните берзи - 5 вести
Овде може да прочитате кус преглед на поентите од конференцијата на „Блумберг Адрија“ во Скопје, како и останати важни вести за почеток на денот.
пред 14 часа
Биткоинот се бори да закрепне по историскиот пад
По една недела остри падови, кои збришаа стотици милијарди долари дигитални средства, биткоинот повторно не успеа да го оправда својот статус на безбедно засолниште.
17.10.2025
Трговците стравуваат од трајни последици по крахот на криптото од 131 милијарда долари
Крахот не го погоди само биткоинот. Тој ги уништи целите екосистеми на шпекулативни токени што ветуваа генерациско богатство преку вирални мемиња, брендирање големи имиња и слепа верба во бумот.
14.10.2025
Падот беше засилен по состанокот помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг, но распродажбата брзо се забави. Трамп изјави дека имале „неверојатен состанок“, кој резултирал со трговски договор, според кој САД веднаш ќе ги преполоват царините за кинеските производи поврзани со фентанилот.
Изјавите на Пауел „предизвикаа благи чувства на избегнување ризик“, изјави Чарли Шери, финансиски директор во компанијата „БТЦ маркетс“ (BTC Markets). „Ако се додаде и денешниот состанок на Трамп и Шји, кој ги потресе пазарите, не е изненадувачки што имаме волатилност. Некои технолошки акции растат, но криптото не го следи тој тренд, што покажува одредена слабост и неoдлучност на пазарот на дигитален имот во овој момент“.
Биткоинот слабее откако Пауел предупреди за нови намалувања на каматните стапки
Bloomberg
Приносите од американските обврзници и доларот пораснаа по изјавите на Пауел во средата, додека фјучерсите на американските акции паднаа. Пазарот на фјучерси сега проценува дека има околу 60 отсто шанси за уште едно намалување на каматните стапки за 0,25 процентни поени во декември, додека пред најновата одлука, таа можност беше речиси целосно вклучена.
Пауел „нагласи дека меѓу членовите на одборот постојат ‘многу различни мислења’“, изјави Аугустин Фан, партнер во криптоберзата „Сигналплус“ (SignalPlus). „Ситуацијата дополнително ја комплицираа затворањето на владата и недостигот од економски податоци, поради што претседателот на централната банка сугерираше дека би можеле да бидат внимателни и да одлучат да не ги менуваат стапките на декемвриската седница“.
Ник Рак, директор за истражување во компанијата „ЛВРГ рисрч“ (LVRG Research), изјави дека тонот на Пауел „ги изненади трговците и ги избриша последните добивки“. Трговците со биткоин треба да ги следат нивоата на поддршка на 107.000 и 100.000 долари како клучни долни граници, додаде тој.