Биткоинот продолжи да паѓа, па дури падна и под психолошката граница од 100.000 долари, откако новиот бран на аверзија од ризик предизвика големи повлекувања на средства од криптофондовите. Најголемата криптовалута во светот падна за 2,8 отсто во петокот, достигнувајќи цена од под 96.000 долари, што ја става на повеќе од 20 отсто под нивото од рекордните 120.000 долари, кои ги достигна на почетокот од октомври.
Криптопазарот и натаму е под притисок по ликвидираните позиции во вредност од 19 милијарди долари на 10 октомври, што резултираше со губење на повеќе од билион долари од вкупната пазарна вредност на сите криптовалути. Овие ликвидации продолжија и во последните 24 часа, кога вредноста на ликвидирани криптооблози надмина милијарда долари.
Во меѓувреме, фондовите што инвестираат во биткоин забележаа нето-одливи од околу 870 милиони долари во четвртокот, што е второ најголемо повлекување средства откога овие фондови започнаа со работа.
Прочитај повеќе
Што значи тековниот пад на биткоинот и како аналитичарите ја гледаат иднината
По наглиот пад под психолошката граница од 100.000 долари, биткоинот го губи растечкиот замав, а аналитичарите очекуваат продолжена нестабилност до пролет.
06.11.2025
Вртоглав пад на биткоинот под 100.000 долари, што се случува?
Изворната криптовалута доживеа пад од повеќе од 20 отсто во однос на највисоката вредност, која ја достигна минатиот месец, што е типичен знак за мечкин пазар...
05.11.2025
Крипто рударите сè повеќе јаваат на бранот на ВИ, а го оставаат биткоинот зад себе
Акциите на големите компјутерски компании коишто овозможуваат функционирање на биткоинот сè повеќе се насочуваат кон хибридни модели изградени околу ВИ.
19.10.2025
Покрај падот на криптопазарот, инвеститорите остануваат во неизвесност, бидејќи обновената надеж по крајот на владината блокада во САД не траеше долго. Со одложувањето на објавувањето на клучните економски податоци, трговците се запрашаа дали Федералните резерви (Фед) ќе можат да оправдаат краткорочни намалувања на каматните стапки, што создава дополнителен притисок за ризичните инвестиции, како криптовалутите.
Американските биткоин-берзански фондови забележаа втор најголем дневен одлив
Bloomberg
Макс Гокман, заменик-главен инвестициски директор во ФТИС (Franklin Templeton Investment Solutions), изјави: „Сегашниот пад на цената на биткоинот е целосно поврзан со другите ризични активи, но бидејќи криптовалутите се многу поволатилни, падот тука е поголем“.
Дополнително, ликвидноста на пазарот значително се намали. Според податоци на „Каико“ (Kaiko), капацитетот на пазарот да апсорбира големи трансакции без значителни ценовни флуктуации е намален за 30 отсто во споредба со највисоките нивоа годинава.
„Со тоа што биткоинот падна по инаугурацијата на претседателот Трамп, а целокупниот пазар на криптовалути се врати на почетните нивоа од почетокот на годината, нема многу техничка поддршка до нивото од 90.000 долари, со што е веројатно дека расположението на пазарот ќе остане негативно“, вели Агустин Фан, партнер во „Сигнал плус“ (SignalPlus).
На пазарот на опции, трговците сè повеќе се подготвуваат за нова нестабилност, со растечка побарувачка за неутрални стратегии, велат аналитичарите.