text size
Македонските граѓани и фирми денеска, со почеток во 11 часот, ќе можат да учествуваат на аукцијата за зелени обврзници што првпат во нашата држава ги издава Министерството за финансии. Ќе бидат понудени двегодишни обврзници, со вкупна вредност од 600 милиони денари (безмалку десет милиони евра), со камата од 4,75 проценти. Анализиравме каков интерес треба да се очекува за овие хартии од вредност и какви се трендовите во издавањето зелени обврзници во регионот и пошироко.