Извршниот директор на „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.), Џејми Дајмон, прашан за жестоката конкуренција во финансиската индустрија, изјави дека започнува да забележува паралели со периодот пред финансиската криза во 2008 година, кога трката за одобрување кредити заврши катастрофално.
„За жал, ова го видовме и во 2005, 2006 и 2007 година, речиси истата работа - сите беа задоволни и сите заработуваа многу пари“, изјави Дајмон за инвеститорите во понеделникот.
Иако „ЏП Морган“ не е подготвен да одобрува ризични кредити за да го зголеми нето-каматниот приход (NII), Дајмон изјави дека гледа како некои луѓе прават глупави работи. „Просто прават глупости за да создадат поголем NII.“
Прочитај повеќе
Трамп: Дајмон греши што ја критикува истрагата против Пауел
Претседателот на САД ги отфрли критиките на Џејми Дајмон во врска со истрагата што Министерството за правда ја спроведува за Федералните резерви (Фед), изјавувајќи дека извршниот директор на „ЏП Морган“ греши кога сугерира дека тој ја поткопува независноста на централната банка.
14.01.2026
„ЏП Морган“: Европа има вистински проблем, бирократијата е пречка за инвестиции
Главниот извршен директор на „ЏП Морган чејс“, Џејми Дајмон, ја критикуваше бавната бирократија во Европа, предупредувајќи дека „слабиот“ континент претставува голем економски ризик за САД.
07.12.2025
Дајмон: Вештачката интелигенција веќе ѝ заштедува милијарди на „ЏП Морган“
Џејми Дајмон тврди дека ВИ е најреволуционерната технологија по интернетот и дека „ЏП Морган“ веќе ја користи за заштеда, иновации и автоматизација.
08.10.2025
Дајмон, кој ја водеше најголемата американска банка низ финансиската криза во 2008 година и презеде два големи конкуренти што тогаш пропаднаа, рече дека очекува повторно да се влоши кредитниот циклус, иако не е сигурен кога ќе се случи тоа.
Овој извршен директор веќе неколку месеци предупредува на можни проблеми со квалитетот на кредитите. Кога минатата година пропаднаа „Триколор“ (Tricolor Holdings), компанија што кредитираше за купување автомобили, и доставувачот на автоделови ФБГ (First Brands Group), Дајмон рече дека несреќите никогаш не доаѓаат сами.
Во последните неколку недели различни индустрии се соочуваат со таканаречената „паника“ во врска со вештачката интелигенција (ВИ), додека инвеститорите проценуваат како новата технологија може да го наруши пазарот.
„Во кредитниот циклус секогаш има некое изненадување“, изјави Дајмон, додавајќи дека изненадувањето често е во тоа која индустрија ќе биде погодена. „Овој пат тоа може да биде софтверскиот сектор поради ВИ.“
Иако „ЏП Морган“ можеби внимателно ќе преиспита одредени кредити поради тоа, Дајмон изрази сомнеж дека тоа ќе има големо влијание на кредитните загуби.
Финансиската индустрија, како и многу други, забележа пад на цените на акциите во последните неколку недели поради загриженоста во врска со ВИ. Дајмон во понеделникот изјави дека ја гледа својата банка како победник во трката за ВИ.
„На крајот, ќе бидеме победници во 75 од 100 области, а губитници во 25“, изјави тој.
Во разговорот при претставувањето на бизнисот на банката организиран за инвеститорите, Дајмон беше прашан и кој ќе го наследи на таа функција. Тој ја води „ЏП Морган“ веќе 20 години, за време на кои ја направи најголема и најпрофитабилна банка во САД. Волстрит веќе неколку години се интересира кога би можел да се повлече и кој би можел да го наследи.
Неговиот одговор беше во согласност со претходните изјави: ќе остане во банката уште неколку години како извршен директор, а можеби уште неколку години потоа како извршен претседател на одборот. Тој додаде дека конечната одлука е на Управниот одбор на „ЏП Морган“.