Извршниот директор на „ЏП Морган“ (JP Morgan Chase & Co.), Џејми Дајмон, изјави дека банката годишно троши околу две милијарди долари за развој на технологии поврзани со вештачката интелигенција – и дека од тие инвестиции веќе остварува исто толкави заштеди секоја година.
„Знаеме дека тоа носи милијарди долари заштеди, а верувам дека ова е само врвот на ледениот брег“, изјави Дајмон во интервју за „ТВ Блумберг“ (Bloomberg TV).
Дајмон постојано ги истакнува можностите што ги носи вештачката интелигенција, иако таа може да доведе до укинување одредени работни места. Тој нагласува дека банката веќе има стотици практични примени на оваа технологија – бројка што веројатно ќе продолжи да расте – и дека ВИ може да му помогне на човештвото да пронајде лек против ракот и да ги скрати работните недели.
Прочитај повеќе

„Миндреј“ ќе котира на берзата во Хонг Конг
„Миндреј“, најголемиот кинески производител на медицинска опрема, планира да собере над 1 милијарда долари со котирање на берзата во Хонг Конг.
16.09.2025

Дајмон: Рецесија во САД сè уште е можна поради царинските тензии
Иако САД и Кина неодамна направија чекор кон ублажување на трговските тензии, извршниот директор на „ЏП Морган“ ги повикува инвеститорите да бидат претпазливи.
16.05.2025

„ЏП Морган“ собори рекорд, па директорот доби плата од 39 милиони долари
Во 2024-та најголемата американска банка го надмина сопствениот рекорд за највисока годишна добивка во историјата на американското банкарство.
24.01.2025

Директорот на „ЏП Морган“ ја организира најраскошната забава во Давос
Музејот „Кирхнер“ во Давос во средата вечер беше најпознат како местото каде што Џејми Дајмон организира голема забава.
23.01.2025
Во писмото до акционерите од минатата година, Џејми Дајмон ја спореди технологијата на вештачката интелигенција со „печатарската преса, парната машина, електричната енергија, компјутерите и интернетот“.
Њујоршката банка има илјадници вработени што работат на развој на ВИ, а Дајмон претходно изјави дека технологијата ќе биде вградена во сите процеси на компанијата – од тргување и истражување до заштита на капиталот и услугите за клиентите, често во улога на „копилот“ што им помага на вработените во одлучувањето.
Според Дајмон, ВИ веројатно ќе донесе драматични подобрувања во квалитетот на животот на работниците, но, како и со секоја нова технологија, ќе доведе и до губење одреден број работни места.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...