Цената на златото се приближи до највисокото ниво од октомври, бидејќи трговците го одмеруваат влијанието врз глобалната економија што може да го имаат најновите тарифни закани на американскиот претседател Доналд Трамп против Кина и Европската унија (ЕУ). Според најновите податоци, златото се тргува близу 2.750 долари за унца од 31,1 грама, што е помалку од 40 долари од највисокото ниво на историјата, откако оваа недела доби околу два отсто, според „Блумберг“.
Главните причини за скокот на цените лежат првенствено во зголемената побарувачка за безбедни засолништа, бидејќи инвеститорите ја испитуваат трговската позиција на новата администрација и потенцијалните заладени односи со другите земји.
Познато како безбедно засолниште за инвеститорите, златото добива на вредност во последниве години поради неговите клучни атрибути како што се задржувањето на вредноста, статусот на безбедно засолниште и улогата на резервната валута. Само во 2024 година цената на златото скокна за околу 30 отсто.
Прочитај повеќе
Македонија дебело се офајди од глобалната златна треска
Според очекувањата, цената на скапоцениот метал веројатно ќе продолжи да се зголемува и во 2025 година.
17.01.2025
Златото е годинашниот рекордер на пазарите на метали, со раст од 27 отсто
Златото е на праг да оствари една од своите најголеми годишни добивки во овој век, со раст од 27 проценти.
30.12.2024
Прогноза за 2025-та: Златото се стреми кон нов рекорд, ќе расте и цената на среброто
Тековната макроекономска позиција, со зајакнувањето на американскиот долар, е во согласност со забавувањето на темпото на цената на златото.
03.01.2025
Златото достигна серија рекорди минатата година, со раст поттикнат од намалувањето на каматните стапки на Фед, геополитичките тензии и купувањето на централните банки.
Побарувачката беше силно поттикната од централните банки, особено од централните банки на пазарите во развој. Помеѓу првиот и третиот квартал од 2024 година, централните банки купија помалку злато од една година порано, но сепак во поголеми количини отколку пред 2022 година. Сепак, во ноември 2024 година, трендот на пораст беше прекинат, а нестабилноста се зголеми по изборите во САД.
Какви се прогнозите на аналитичарите?
Аналитичарите на „Блумберг Адрија“ кон крајот на декември предвидоа дека златото ќе достигне нов рекорд оваа година. „Доларот и златото се натпреваруваат и како резервни валути, така што очекувањата за посилен долар ја намалуваат побарувачката за злато“, напишаа аналитичарите во декември.
Според „Блумберг“, трговците исто така внимателно ја следат внатрешната политика на Трамп, особено за имиграцијата и даночните намалувања. Доколку новиот американски претседател ги исполни своите ветувања, тие би можеле да предизвикаат скок на инфлацијата и да ги поткопаат јавните финансии, што би можело да ја доведе цената на златото до нови рекорди.
„Недостатокот на јасност веројатно ќе ги задржи пазарите нестабилни и ќе ја зголеми привлечноста на благородни метали како безбедно засолниште“, напиша денеска Пранав Мер, аналитичар во „ЈМ Финаншл сервисес“ (JM Financial Services).