Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „бара“ од други земји да придонесат во одбраната на Ормускиот Теснец, додека тој практично останува затворен за танкери со нафта.
„Навистина барам овие земји да дојдат и да ја заштитат сопствената територија“, им рече тој на новинарите во неделата во претседателскиот авион, одбивајќи да наведе конкретни држави. „Тоа е местото од кое ја добиваат својата енергија и тие треба да дојдат и да ни помогнат да го заштитиме.“
Bloomberg
Додаде дека Кина се потпира на нафтата што транзитира низ Ормускиот теснец и дека Пекинг треба да помогне во обезбедувањето на тој коридор.
Прочитај повеќе
Трамп повика неколку земји да испратат воени бродови за отворање на Ормускиот Теснец
Американскиот претседател изрази надеж дека Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија ќе испратат воени бродови.
15.03.2026
САД даваат зелено светло за продажба на руска нафта
САД отвораат простор за дополнителни количества руска нафта на пазарот, дозволувајќи купување пратки што веќе се на море за да се ублажи растот на цените.
13.03.2026
Саудиска Арабија ги купува сите достапни танкери за да го заобиколи Ормускиот теснец
Најголемиот саудиски превозник на нафта започна да резервира танкери по исклучително високи цени, додека огромна флота бродови се упатува кон Црвеното Море за да ја натовари суровата нафта на кралството, како алтернатива на застојот во Ормускиот теснец.
12.03.2026
Ормускиот Теснец мора да остане затворен, порача новиот ајатолах во првото обраќање
Иран е решен да го држи теснецот затворен и да започне битка и на други фронтови, додека пак Трамп вели дека САД имаат воени цели што во моментот се поважни од цените на нафтата.
12.03.2026
Товарен брод погоден од проектил во Ормускиот Теснец, соопшти британската морнарица
Неидентификуваниот брод пријавил дека бил погоден со непознат проектил околу 11 наутички милји северно од брегот на Оман.
11.03.2026
МАЕ предлага најголемо ослободување нафтени резерви досега
Војната на Блискиот Исток и нападите во Ормускиот Теснец задржаа милиони барели на танкери, па МАЕ предлага најголемо пуштање резерви досега, кои би ги надминале и оние што беа ослободени по нападот на Украина.
11.03.2026
„Зошто ние го одржуваме Ормускиот Теснец кога тој всушност постои за Кина и за многу други земји? Зошто тие не го прават тоа?“ рече Трамп.
Трамп изјави дека САД водат разговори со „околу седум“ земји за да се вклучат во помагање на бродовите да поминуваат низ теснецот, но одби да прецизира кои држави се вклучени во разговорите.
Американскиот претседател изјави дека некои од земјите располагаат со бродови за расчистување мини или со „одреден тип брод“ што би можел да помогне во обезбедувањето на водниот пат за танкерите со нафта да можат да поминуваат. Тој додаде дека би сакал таа соработка да започне „веднаш“, но призна дека тоа ќе „потрае малку време“.
Конфликтот со Иран практично ја запре трговијата низ Ормускиот Теснец, клучен поморски премин низ кој, во нормални услови, поминува една петтина од светското производство на нафта, како и бројни други суровини. Отворањето на теснецот за трговија стана клучна цел за американскиот претседател откако цените на нафтата ја надминаа границата од 100 долари за барел.
Во интервју во текот на изминатата недела за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), Трамп изјави дека би можел да ја одложи планираната средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг доколку Пекинг не помогне во деблокирањето на теснецот. Во тоа интервју тој исто така предупреди дека НАТО ќе се соочи со „многу лоша“ иднина ако земјите членки не помогнат во Ормускиот Теснец.