Електричната „пума“ (Puma) речиси во секој поглед е подобар автомобил од бензинската верзија. Потивка е, побрза, поагилна и дури попространа. Сепак, по една недела со неа, и понатаму би ја избрал бензинската верзија.
„Форд“ (Ford) минатата година, покрај бензинската, ја лансира и електричната „пума“. На почетокот имав мешани впечатоци за неа. Оживувањето на моделот ме разочара бидејќи од некогаш спортско купе направија кросовер. Ако ја оставиме настрана расправата за името, во реалноста и зад воланот тоа е доста пријатен автомобил. Со бензинската „пума“ минатата година поминав голем дел од Сицилија, а со електричната и добар дел од Словенија. Која е подобра?
Фото: Uroš Božin
Без истакнување на погонот
Прочитај повеќе
Тест на хибридот „рено клио“ – штеди гориво, дали штеди пари
Пред неколку недели ја тестиравме шестата генерација на „рено клио“ со новиот бензински мотор, а сега на ред дојде хибридот, кој исто така има целосно нов погонски склоп.
11.04.2026
Зад воланот на милионскиот „Астон Мартин“: суперавтомобил за „обични“ возачи
На денешниот пазар на спортски автомобили сѐ повеќе во преден план е прикажувањето на ретки и исклучително моќни автомобили, кои можат да ги возат само малкумина.
04.04.2026
Тест на „купра таваскан“: шпански Кинез на кој во Брисел му прогледаа низ прсти
Купето на „Купра“, благодарение на зеленото светло од Брисел, би можело да стане еден од најважните електрични модели на „Фолксваген“.
22.03.2026
Новиот кабриолет на „Порше“ од 284.300 долари сака да направи сè, но не може
„Порше 911 турбо с кабриолет“ има речиси сè, но се чини дека е компромис што доаѓа со превисока цена.
09.03.2026
Тест на каубојот на „Форд“: Само малкумина ќе ги спознаат неговите граници
„Форд ренџер“ е вистински каубој, што за жал не би можел да го кажам за себе, тврди нашиот новинар, по пробното возење.
27.02.2026
Дали Кинезите лесно можат да се мерат со европската елита во хибридите?
Економичен, со долг електричен опсег и вооружен до заби, но не многу поевтин од европските конкуренти...
08.02.2026
„Куга“ со кабел: Ненаметлива, економична, достапна и по вкус на Хенри
По динамично возење низ кривини со големи спортски теренци, често ми се лоши. Но, не и во „форд куга“...
24.01.2026
„Форд“ при дизајнот не се мачел премногу. Електричната се разликува од класичната само во детали. Напред нема отвори за ладење на моторот, а различни се и отворите на браникот. Дневните ЛЕД-светла светат се во сличен образец како кај суперспортскиот „форд гт“ (Ford GT). Другите разлики ќе ги забележат само познавачите. Електричната верзија има име испишано назад со бела боја, додека кај класичната е црно. Кој ќе погледне подолу, меѓу оските под кабината, ќе види квадратен облик - батеријата што дискретно излегува под автомобилот. „Пума“ всушност не истакнува дека е електрична. Тоа, во ерата кога секој електричен автомобил мора со изгледот да го покажува својот погон, дури и ми се допаѓа.
Фото: Uroš Božin
Разликите во кабината се уште помали. Има огромен централен екран на допир, голем волан и уште еден екран пред возачот. Како и кај „куга“ (Kuga), и тука мултимедијалниот систем не е најбрз. За среќа, копчињата на воланот и вратите се физички. За исклучување на предупредувањето за пречекорување брзина сепак секогаш е потребно мачно минување низ менијата.
Фото: Uroš Božin
Одлично искористен простор
Иако „пума“ не е голема, во кабината има доста простор и тој е одлично искористен. Прегради за складирање има повеќе отколку кај бензинската верзија, особено меѓу предните седишта. Попростран е и багажниот простор. Бензинската „пума“ е позната по „мегабоксот“ (megabox), простор под подот на багажникот. Кај електричната тој е уште поголем, па го нарекле „гигабокс“ (gigabox).
Капацитетот на багажникот изнесува 523 литри до висина на потпирачите на седиштата, односно 574 литри до покривот. Бројка што за ваков автомобил не ја очекував.
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Изненадување се крие под предниот багажник, каде што успеале да сместат помал 43-литарски простор за прва помош и кабли за полнење. Кога задниот багажник е полн до врвот, практично е да постои и овој дополнителен простор за каблите да не завршат на седиштата или на подот. Задните седишта се помалку употребливи. Пред сè поради повисокиот под и покомпресираната позиција на седење, не се толку удобни и пространи како во верзијата со бензински погон.
Фото: Uroš Božin
Додаток од кој тешко би се откажал
Стаклениoт панорамски покрив не можам доволно да го пофалам. „Пума“ има - како и германските бизнис-лимузини - дури две покривни стакла. Тие ја осветлуваат кабината и даваат чувство на поголема пространост. Предното покривно стакло се отвора електрично, и тоа е секако еден од додатоците (доплата од 1.060 евра) што создаваат чувство на поскап автомобил.
Во техничка смисла „пума“ не изненадува. Бруто-капацитетот на батеријата изнесува 46,8 kWh, а употребливи 43,6 kWh. Максималната моќ на полнење е 100 kW. И покрај електричниот погон, „пума“ има 1.575 килограми, што е околу 300 килограми повеќе од бензинската верзија. Електромоторот развива 124 kW (166 КС). При силно забрзување предните гуми се мачеа. Динамично забрзува, но без претерување.
Фото: Uroš Božin
Со кривините на ти
Бензинецот веќе ме воодушеви по кривулестите патишта на Сицилија. Со електричната се упатив кон Згорње Језерско. Одлично се снаоѓа во свиоци и се вози дури малку поспортски. Поради поголемата маса има поцврсто потпирање, а пониското тежиште придонесува речиси да нема навалување. Електричниот погон ѝ дава на „пума“ толкава сила што на момент помислив дека е спортски автомобил. На патот кон Језерско многу брзо заборавив дека возам градски кросовер.
Фото: Uroš Božin
Дури и кога во свиок влегував пребрзо, не ме изненадуваше. За динамично возење не е потребно чепкање по возните режими. Кога го вклучив режимот на возење со еден педал, повеќе не го исклучив - сопирачката речиси и не ја допрев. Во таквото возење регенерацијата веднаш по отпуштање на педалот го забавува автомобилот, како да сте смениле во пониска брзина. На враќање, енергијата потрошена при искачувањето повторно се враќаше во батеријата.
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
Uroš Božin
Погледнете ја галеријата
|
Почетна цена на моделот (Gen-E): 32.621 евро (25.421) Почетна цена на тест-возилото (Gen-E Premium): 34.560 евра (27.360) Цена на тест-возилото со опрема: 36.760 евра (30.260) Потрошувачка: 17,9 kWh/100 km |
Во брошурата опсег од 378 км, но на тестот 240 км
За време на тестот со полна батерија поминав до 240 километри. Потрошувачката се движеше меѓу 15 и 23 kWh, што значи опсег од 190 до 290 километри. Просечната потрошувачка изнесуваше 17,9 kWh на 100 км. Со економично возење на отворен пат успеав да ја спуштам на 13, додека на автопат беше околу 22 kWh. Поголемата потрошувачка беше под влијание на ниските температури. Летно време опсегот би требало да биде поголем.
Електричната „пума“ во секојдневна употреба е дефинитивно подобар автомобил. Сосема тивка, брза, попространа и попријатна за возење. Но проблем е опсегот, кој при ладно време значително се намалува во однос на декларираните бројки. Официјално, „пума“ би требало да помине до 376 километри, а во град дури до 572 километра - бројки што изгледаат недостижно.
На едноставното прашање дали електричната „пума“ е подобра, одговорот би бил потврден. Но поради помалиот опсег на автопат и потребата од често полнење на подолги патувања, на крајот сепак би ја избрал бензинската. Електричната е подобра, но бензинската е поупотреблива…
Фото: Uroš Božin