text size
Кога дојдовме да ја преземеме „тојота ајго Х ГР спорт хибрид“ (Toyota Aygo X GR Sport Hybrid), веднаш на стартот останавме импресионирани од бројката што нè дочека на возачкиот екран. Просечната потрошувачка на 100 километри изнесуваше 3,7 литри, што е неверојатно за тест-автомобил кој сигурно не бил поштеден од тешката новинарска нога на педалата за гас.