text size
Еден од најголемите продажни адути на „Тојота“ - „јарис крос“ - доби освежен изглед, и однадвор и во внатрешноста, додека под хаубата остана проверената хибридна технологија. На тест го имавме помоќното издание на редизајнираниот „јарис крос“ со 130 коњски сили и убедени сме дека и понатаму ќе им биде омилен избор на купувачите што бараат сестран, но компактен теренец.