text size
МЈШ (Monaco Yacht Show) веќе со години е клучно место за презентација на сè од светот на луксузот. Секако, најимпресивни се суперјахтите, но оваа година меѓу раскошните пловила во самото срце на кнежевството вниманието го украде автомобил. Кинескиот „Зикер“ (Zeekr), премиум марка во сопственост на автомобилската групација „Гили“ (Geely), го избра токму Монако за европската претпремиера на својот најлуксузен модел досега - „зикер 9Х“ (Zeekr 9X).