text size
Кој не би сакал да има возило по нарачка со посебна модна и ароматична нота, особено кога производителот ветува дека тоа ќе биде едно и единствено возило од таков вид во светот? И додека за некои модели на луксузна облека или чанти треба да се чека неколку години, со компанија како „Ролс-Ројс“ (Rolls-Royce) е можно да се создаде уникатно возило во рекордно време, како што имав можност да се уверам оваа година при посетата на фабриката на „Ролс-Ројс“ во Гудвуд, Велика Британија, поточно одделот за специјални нарачки „Биспоук колектив“ (Bespoke Collective), кој се наоѓа на имотот што некогаш му припаѓал на лордот Марч, а денес на војводата од Ричмонд.