text size
На некој свој начин им се восхитувам и ги ценам луѓето, идеите и предметите што, малку мангупски, но цврсто втемелено и аргументирано, му пркосат на духот на времето. Во тоа што го следат сопствениот пат и не подлегнуваат ниту на она што е популарно и модерно, ниту на притисоците на конформизмот, има нешто романтично. А што е автомобилизмот ако не една голема љубовна приказна меѓу човекот и машината? Оној што смета дека автомобилот нема ниту карактер ниту душа – само се превезува; оној што мисли поинаку – го вози. Токму кон овие вторите „Мазда“ ја насочува својата динамична, класична концепција на хечбек.