Јапонија веќе долго време се потпира на иновации за да се избори со летните горештини. Од пронаоѓањето на ладалата „сенсу“ што може да се склопат и носат во кимоно уште во периодот хејан пред повеќе од 1.200 години, до чадорите за сонце што последниве години ги користат и мажи и жени, земјата научила како да се приспособува.
Но градските власти во престолнината можеби оваа година отидоа чекор предалеку. Во рамките на кампањата „Токио кул биз“ (Tokyo Cool Biz), наменета за борба против сè поекстремните лета, и земајќи го предвид растот на цените на енергијата поради војната со Иран, на државните службеници првпат им беше овозможено да одат на работа во шорцеви - а компаниите се охрабруваат да го направат истото тоа.
Тоа е дел од кампања што ги поттикнува и мажите и жените да се облекуваат поопуштено и да ѝ дадат предност на удобноста, вклучувајќи обични маици, поло маици и облека со кратки ракави. Со тоа се отвори дебата за тоа каде е границата меѓу лежерното и несоодветното облекување. Неодамнешен телевизиски прилог стана вирален по уличните анкети во кои мноштво млади жени рекоа дека гледањето нозе на средовечни мажи во канцеларија е едноставно „одвратно“.
Прочитај повеќе
Долго топло лето: Дали ова е годината на машките шорцеви?
Не се зголемија само температурите - туку и толеранцијата на модната јавност кон машките колена. Шорцевите станаа симбол на ослободување годинава: облеката што некогаш беше резервирана само за одмори станува знак на стил - и став.
28.06.2025
Кога последен пат обрнавте внимание на вашиот ремен? Еве зошто би требало
Бед Бани реши да го надополни целиот свој смел моден и скап накит со едноставно бело јаже, врзано во јазол пред неговите кремасти плисирани панталони.
14.02.2026
Новите текстилни правила на ЕУ би можеле да ги зголемат цените на облеката
За првпат Европската Унија воведува обврска за текстилните производители да ги финансираат собирањето и рециклирањето на облеката.
22.10.2025
Пет модни додатоци со македонски потпис што секој маж треба да ги има
Деталите се тие што прават разлика во светот на машката мода.
01.08.2025
Луксуз во вашиот рачен багаж: Стил од милион долари со малку облека
Како во вашиот рачен багаж да спакувате сè за беспрекорен стил што ги опфаќа сите пригоди?
19.07.2025
Иако имиџот на „човекот што заработува“ во костум и понатаму постои, летната канцелариска мода последниве години стана значително поопуштена. Пресвртниот момент беше првата кампања „Кул биз“ од 2005 година, идеја на тогашната министерка за животна средина Јурико Коике, која денес е гувернерка на Токио. Таа тогаш им овозможи на вработените да ги остават сакоата и вратоврските. Промените дополнително се забрзаа за време на ерата на ковид, кога комфорот стана приоритет; денес маиците и патиките се дел од вообичаениот канцелариски стил.
Ладалата веќе одамна не се доволни
Depositphotos
Летата во 2000-тите не беа толку екстремни како денес, а кампањата беше насочена кон штедење енергија, а не кон преживување. Сепак, и покрај сè подолгите и потопли лета, шорцевите претставуваат чекор предалеку. Шорцевите се во ред во парк, но, двојни стандарди или не, не припаѓаат на работното место. А речиси неизбежно водат и кон сандали, што може да се смета за уште поголем „прекршок“.
Проблемот, сепак, е многу посериозен од модата. Јапонија станува сè потопла, особено во градовите во кои урбаниот „ефект на топлински остров“ дополнително ја влошува ситуацијата: зградите и патиштата ја впиваат сончевата енергија и ја ослободуваат во текот на ноќта. Последните лета беа особено тешки, со рекордни 29 дена минатата година во Токио кога температурата надминуваше 35 Целзиусови степени, познати како мошоби (moushobi) или „екстремно жежок ден“.
Јапонската премиерка Санае Такаичи ја обожава модата - чанта од локален бренд претвори во јапонска „биркин“
Тој термин повеќе не е доволен: оваа година метеоролошката агенција воведе нов поим за денови кога температурата надминува 40 степени, кокушоби (kokushobi) или „тежок жежок ден“. Токио сè уште нема доживеано таков ден, но тоа веројатно е само прашање на време. Властите исто така издаваат предупредувања за денови со висок ризик од топлотен удар, базирани на индексот на топлински стрес (wet-bulb globe temperature), кој ги зема предвид влажноста и зрачењето на топлина. Бројот на смртни случаи од топлотен удар ја надмина бројката од 2.000 во 2024 година за првпат.
Во ерата хејан благородниците бегале во планинските предели за да избегаат од жештината. Денес се потребни нови решенија. Градските власти во Токио воведуваат и други мерки: од порано започнување на работното време до поширока примена на работа од далечина.
Најважно е, сепак, ослободувањето на јавноста, особено на постарите генерации, од застарените ставови дека „треба да се издржи“. Властите главно ги напуштија претходните совети за штедење енергија од кампањата „Кул биз“, вклучувајќи ја и често погрешно разбраната препорака клима-уредите да се поставуваат на 28 степени. Денес активно се поттикнува користењето клима-уреди за време на екстремни горештини, бидејќи е забележан пораст на смртните случаи кај постарите лица што имале клима, но не ја вклучиле.
За разлика од европските земји, кои често инсистираат на штедење енергија и климатска дисциплина, Јапонија тргна во спротивен правец и масовно ја прифати климатизацијата. Во 1980-тите години помалку од половина од домаќинствата имале клима; денес имаат повеќе од 90 проценти. Во училиштата во 2010 година клима имало во 20 проценти од училниците, додека денес тој процент е 99,1. Важна улога во тоа има јапонскиот производител „Даикин“ (Daikin Industries Ltd.).
Јапонскиот бренд „Јуникло“ понуди решение за деловен изглед - линијата „Јуникло кандо“ - потенки панталони и сакоа, кои наедно одржуваат професионален изглед
И покрај сите климатски напори, температурите нема да паѓаат. Јапонија се соочува со сериозни предизвици во енергетската транзиција, а како едно од решенијата повторно се разгледува нуклеарната енергија. Премиерката Санае Такаичи треба да ги засили напорите во тој правец, бидејќи Токио во август не може да се „издржи со сила на волјата“.
За оние што работат на отворено, постојат поинакви униформи од шорцеви: јакни со вентилатори што во 2004 година ги осмисли поранешен инженер на „Сони“ (Sony Group Corp.). Опремени се со вентилатори и батерии што го ладат целото тело, помагајќи им на градежните работници и теренските екипи да издржат високи температури. Самиот „Сони“ нуди и луксузен пренослив уред што го лади телото преку задниот дел од вратот.
А кога станува збор за проблемот со откриените нозе, Јапонија веќе пронајде решение во вид на „јуникло кандо пентс“ (Uniqlo Kando Pants, познати како „ерсенс“ /AirSense/ на некои пазари) - потенки панталони што ладат, а истовремено го задржуваат професионалниот изглед.
Од ладала „сенсу“ до разладни јакни, Јапонија со векови пронаоѓа начини да го преживее летото. Останува, сепак, прашањето - може ли да го направи тоа и со панталони на себе.