text size
Дијамантите се една од најстарите и најнеобичните супстанции на планетата. Постари се од диносаурусите, постари од растенијата. Настанале во време кога светот личел на Мордор: збир од бесни вулкани што исфрлале гасови и минерали во атмосфера исполнета со молњи и облаци од метан. Парчиња јаглерод останувале заробени длабоко во Земјината обвивка, а потоа милијарди години биле изложени на незамислива топлина и притисок. Тој процес ги претворил во една од најтврдите познати супстанции - и една од најскапоцените. Сите дијаманти со квалитет погоден за накит што некогаш биле пронајдени би можеле да соберат во еден двокатен автобус.