Ги сакам пазарите. Ги сакам и дијамантите. Тоа донекаде објаснува зошто во моментов минувам низ своевидна егзистенцијална криза: растечката популарност на лабораториски произведените дијаманти ме тера да ја преиспитам убавината на пазарот – неговата способност да ја одреди вредноста речиси на сè.
И не станува збор само за дијаманти. Сè во економијата чија вредност се темели на реткост одеднаш станува лесно достапно: луксузни чанти, музика, па дури и самата валута. Зошто тогаш нешто сè уште вреди?
Дијамантите имаат посебно место во моето срце, не само како љубителка на накит туку и како економистка. Кога младите економисти почнуваат да размислуваат за концептот на вредност и зошто нешто чини колку што чини, неизбежно се навраќаме на оригиналниот мајстор Адам Смит. Тој, изненадувачки, забележал дека дијамантите чинат повеќе од водата.
Прочитај повеќе

Пазарот на дијаманти од 80 милијарди долари е на работ на колапс
Од својата поранешна доминација во глобалното производство на дијаманти, „Де Бирс“ сега е на работ на колапс.
06.02.2025

Имате смарагди?Чувајте ги!
Податоците покажуваат зголемена побарувачка и вреднување на висококвалитетните смарагди, особено оние од познати извори како Колумбија.
27.10.2024

Како „Бушерон“ го освои пазарот на луксузниот накит?
Смелите огромни парчиња со дијаманти и скапоцености го освојуваат пазарот.
07.09.2024

Масивен дијамант од 2.492 карати откриен во рудник во Боцвана
Каменот е пронајден во рудникот Карове (Karowe), кој го води канадската компанија „Лукара дајмонд“ (Lucara Diamond Corp).
22.08.2024

Вештачките дијаманти за 10 години ќе бидат попопуларни од природните, вели директорот на „Пандора“
За помалку од десет години потрошувачите ќе ги претпочитаат вештачките дијаманти пред природните поради цената, но и влијанието врз животната средина.
14.08.2024
„Ништо не е покорисно од водата, но за неа не може да се добие речиси ништо“, напишал тој. „Дијамантот, пак, речиси нема употребна вредност, но за него често може да се добие големо количество друга стока во размена“.
Токму реткоста на дијамантите (заедно со малку умешен маркетинг) го направи пазарот голем и вреден. Со текот на времето, тоа ретко парче јаглерод, за чие создавање на Земјата ѝ се потребни милијарди години, стана симбол на вечна љубов и посветеност.
Сега дијамантите можат релативно брзо да се создадат во лабораторија, во речиси неограничени количества. Тие немаат препродажна вредност, ниту ја носат пораката на вечна љубов. Но обидете се да му го објасните тоа на некој што штотуку добил (или подарил) совршен свршенички прстен од три карати, кој е 90 отсто поевтин од „вистинскиот“. Во меѓувреме, цената на природните дијаманти – за кои отсекогаш се тврдеше дека ја задржуваат својата вредност – падна и до 40 отсто.
Се поставуваат прашањата: Ако понудата на дијаманти е неограничена, колкава е нивната вредност? Може ли пазарот да ја одреди нивната цена? И, пошироко гледано, како ќе се справат пазарите со оваа криза на изобилство?
Bloomberg
На крајот на краиштата, во Америка речиси сè (освен станбен простор) може да се добие веднаш и во неограничени количества. Речиси целата музика што некогаш е снимена ја имате на телефон за месечна претплата колку што порано чинеше еден албум. Информациите, кои некогаш стигнуваа од само неколку медиумски куќи, денес се насекаде — од кој било извор и со каква било перспектива што ќе посакате. И, како и во музиката, ниту во медиумите никој не знае кој бизнис-модел функционира, бидејќи она што има вредност, изгледа, се менува од минута во минута.
Дури и највредната и најретка стока од сите – интелигенцијата – ја има во изобилство. Шахисти и финансиски гуруа (барем некаква нивна верзија) сега може да бидат повикани со магијата на вештачката интелигенција, а нивните вештини да се споделат бесплатно. Што значи тоа за вредноста на човечката мисла, знаење и расудување?
Пазарите на крајот ќе го уредат сето тоа. Барем така си велам. Сепак, храната и многу потрошни производи во денешно време, некогаш исто така биле ретки. Сега, кога повеќе не се, погледнете колку ни е подобро. Да, процесот беше хаотичен, но пазарот на крајот ја направи подостапна стоката што луѓето ја посакуваа. Без разлика дали претпочитате чипс со вкусови или вечера во отмен ресторан, сè е достапно по одредена цена – од кои една можеби навистина вреди.
И потрошувачките производи се делат според квалитетот – и можно е така да изгледа иднината на дијамантите. Денес на пазарот има изобилство имитации на чанти „биркин“ (Birkin), кои може да се купат дури и во „Волмарт“ (Walmart), заедно со лабораториски произведени дијаманти. За неискусното око, тие не се разликуваат од оригиналот – изработени од кожа, убаво изгледаат и ја вршат истата функција, но, сепак, луѓето и понатаму ја сакаат оригиналната „биркин“, за која постои листа на чекање долга неколку години. Можеби е поради мистиката или поради вредниот пазар за препродажба, но има и такви што се подготвени да издвојат 15 илјади долари за оригинална „биркин“.
Она што „Хермес“ (Hermès) успеа да го направи е да создаде недостиг од изобилство. Ја контролира понудата на „биркин“ и не продава премногу чанти. Тоа не само што ја одржува високата побарувачка туку ги насочува купувачите и кон другите производи на „Хермес“. Други луксузни дизајнери што се борат со фалсификати се помалку внимателни: продаваат повеќе чанти и се соочуваат со пад на побарувачката.
Bloomberg
„Де Бирс“ (De Beers), еден од најголемите светски трговци со дијаманти, се соочува со сериозен проблем: пазарот на дијаманти е преголем за да може „Де Бирс“ да ја примени стратегијата на „Хермес“. На компанијата ѝ е потребно дијамантите да бидат ретки и посебни – но и да се најдат на секој свршенички прстен во Америка и пошироко.
Тоа можеби повеќе не е реално. Веројатна алтернатива е свет во кој природните дијаманти и понатаму се ценети – ја задржуваат својата вредност и имаат посебна симболика – и, сосема исто како „биркин“, ги купува елитниот дел од пазарот. Пазарот за помали, помалку квалитетни природни дијаманти би можел целосно да исчезне.
Ако се случи тоа, мојата верба и во вредноста на дијамантите и во силата на пазарните механизми ќе биде обновена. А тоа е добро, бидејќи повеќе убавина и повеќе трговија нè прават сите побогати. Чувствувам кнедла во грлото од самата помисла.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...