text size
Многу деловни империи се изградени врз идејата дека познатото и доверливо име ја оправдува цената што е значително повисока од трошоците за производство. Меѓутоа, неколку децении откако ознаката „Произведено во Кина“ (Made in China) стана синоним за неквалитетна изработка, кинеските компании почнуваат да го оспоруваат верувањето дека квалитетот мора да подразбира и висока цена. Доколку успеат да се наметнат на странските пазари, етаблираните конкуренти можеби веќе нема да можат да наплаќаат високи цени, кои долго време се подразбираа.