text size
Шпанскиот конгломерат за луксузна козметика и парфеми „Пуиг“ (Puig) планира да собере повеќе од 2,5 милијарди евра од најголемата иницијална јавна понуда во Шпанија во последната деценија. Компанијата во семејна сопственост планира да продаде 1,25 милијарда евра нови акции, како и уште поголем износ на постојни акции преку ИПО, се наведува во документот за зделка објавен на 8 април од „Ројтерс“. Портфолиото на „Пуиг“ ги вклучува брендовите „Рабан“, „Каролина Херера“, „Шарлот Тилбери“, „Жан Пол Готје“, „Нина Ричи“, „Драјс ван Нотен“, „Бајредо“, „Пенхалигон“, „Л'Артисан парфумер“, „Уриаге“, „Апивита“, Д-р Барбара Штурм“, „Кама ајурведа“ и „Лото дел сур“, како и лиценцирани производи за убавина од „Кристијан Лубутин“, „Бандерас“ и „Адолфо Домингез“ и многу други.