Цените на акциите на групацијата ВОС (Watches of Switzerland Group Plc) паднаа дури за 6 отсто откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 39 отсто за увозот од Швајцарија, една од највисоките стапки на глобално ниво во неговата ескалација на трговската војна.
Оваа компанија, која тргува на мало, продава „ролекс“ („Rolex“) и други швајцарски часовници во Велика Британија и во САД. Сега излегува дека ќе понесе силен товар од најновиот царински напад. Финансиските пазари во Швајцарија беа затворени поради празник и поради тоа првично беа поштедени цените на акциите на компаниите што се котирани како што се „Ричмонт“ (Richemont) и „Своч груп“ (Swatch Group AG).
Извозот на швајцарски часовници веќе беше погоден пред најновите вести, но се зголеми пролетоска, токму кога Трамп се закани со царина од 31 отсто бидејќи увозниците на другите пазари се обидуваа да влезат пред царините, а потоа попуштија со надеж дека ќе има спогодба за пониска стапка.
Прочитај повеќе

Лов на часовници во „Тифани“: Потрошиле милиони, но останале со празни раце
Ограниченото издание на часовниците „патек филип наутилус 5711“ во сината нијанса на „Тифани“ беше симбол на недопирливост. А кога ќе им кажете на најмоќните дека не можат да имаат нешто, ја отворате Пандорината кутија на луксуз, суета и алчност...
23.07.2025

Најбараните часовници во боја на ф’стак
Ф’стак зелената и нијансите на нане станаа нова опсесија во светот на луксузните часовници.
04.07.2025
Доколку остане царината од 39 отсто, тоа би можело да бара зголемување на цените за повеќе од 20 отсто во САД, според аналитичарите на „Џефрис“, предводени од Џејмс Гржиник. Но постои можност царините да не стапат во сила.
Bloomberg
„Еднонеделната пауза до нивното спроведување сугерира дека ова би можело да биде преговарачка тактика“, истакна тој во својата изјава.
Извозот на швајцарски часовници се намали речиси за 10 отсто во мај, предводен од падот на испораките во САД.
„Порастот на ’заморот од луксуз’, намалувањето на ’факторот на добро чувство’ од купувањата луксузни производи и влошувањето на расположението на потрошувачите придонесуваат за помалку оптимистички изгледи“, наведе аналитичарот на „Вонтобел“ Жан-Филип Берчи во белешка минатиот месец.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...