Почнат за време на пандемијата во 2020 година, саемот ГВД (Geneva Watch Days) служи како вовед во, за часовничарската индустрија клучната, празнична сезона на купувања. Тој нуди поопуштена и поклиентски ориентирана атмосфера отколку многу постариот и бизнис-фокусиран пролетен саем „Вочес енд вондерс“ (Watches & Wonders), кој е наменет главно за трговски партнери и медиуми. Додека вториот се одржува во огромен затворен саемски простор, ГВД се одвива низ хотели и бутици околу Женевско Езеро, каде што посетителите и претставниците на брендовите се среќаваат во помалку формални и порелаксирани околности.
Извршниот директор на „Таг Хојер“ (TAG Heuer), Антоан Пен, еден од основачите на овој доцен летен настан, го опишува како „платформа за поврзување, видливост и слобода во агендата. Луксузот обично е оддалечен од клиентите, но тука постои многу близок однос, со навистина автентични моменти.“
Годинава дури 67 бренда, од најпознатите имиња до „ако знаете – знаете“ независни производители, ги претставија своите новитети, а многумина од нив покажаа смела креативност во дизајнот, технологијата – или и во двете. (Ставовите за цените беа, генерално, внимателно оптимистички.)
Еве десет модели што ги издвоивме за вас:
H. Moser & Cie. Pioneer Flying Hours
Најновиот „пионер“ модел ја освежува компликацијата „wandering hours“ што брендот ја претстави пред седум години. Новиот „флајинг аурс“ (Flying Hours) користи три фиксни „сателитски“ диска, кои ротираат независно околу централен минутен диск за прикажување на времето. Благодарение на унапредениот механизам, сателитите сега се „префрлаат“ во моментот кога започнува нов час, овозможувајќи полесно читање на времето.
Цена: $46.000
Авентуринскиот бројчаник му дава на часовникот ѕвезден ефект. Куќиштето е изработено од црвено злато 5N.
Извор: H. Moser & Cie.
MB&F Legacy Machine 101 EVO
„Легаси машин“ (Legacy Machine 101) е столб на брендот МБ&Ф (MB&F), кој во 2025 година слави 20 години. Новата верзија добива спортска EVO (еволутивна) обработка, со титаниумско куќиште од 40 мм, интегриран гумен ремен и механизам заштитен од удари. Витални компоненти, како балансот, се видливи на предната страна од бројчаникот.
Цена: 62.000 CHF (~$78.170)
MB&F LM101 EVO е достапен во зелена и лосос боја.
Извор: MB&F
TAG Heuer Carrera Astronomer
„Таг Хојер“ му оддава почит на првиот швајцарски рачен часовник во вселената (Heuer 2915A на зглобот на Џон Глен во 1962 година) со првиот модел „карера“ (Carrera), со приказ на месечевите мени. Со челично или челично-златно куќиште од 39 мм, калибар 7 (Caliber 7) ротира диск со 7 фази на месечината на секои 29,5 дена.
Цена: $4.600–$7.250
Колекцијата TAG Heuer Carrera Astronomer доаѓа со различни белезици: црвено злато 5N, едноставен челик или кожа.
Извор: TAG Heuer
Ulysse Nardin Freak X Crystallium
Речиси 25 години по дебито, „фрик“ (Freak) продолжува да ги поместува границите во материјалите. Новиот „фрик х кристалиум“ (Freak X Crystallium) го добива името од револуционерната кристална супстанција изработена од рутениум – метал 10 пати поредок од платината. Секој бројчаник е уникатен, а црното титаниумско куќиште нуди силен визуелен контраст.
Цена: $42.000
Ulysse Nardin Freak X Crystalium има дијаметар од 43 мм и текстуриран гумен ремен.
Извор: Ulysse Nardin
Urwerk UR-150 Blue Scorpion
„Урверк“ (Urwerk) продолжува со иновации преку „блу скорпион“ (UR-150 Blue Scorpion) – со ретроградна минутна стрелка и три сателити на отворен карусел. Новитетот е ултрабрзо враќање на стрелката од „60“ на „0“, инспирирано од убодот на скорпијата.
Цена: 90.000 CHF
За разлика од вистинската скорпија, урверк секогаш ќе го видите, дури и кога ќе ви се прикраде.
Извор: Urwerk
Zenith Defy Chronograph USM
Колекцијата „дефај хронограф УСМ“ (Defy Chronograph USM) претставува соработка со швајцарскиот бренд за мебел УСМ. Првите хронографи од оваа линија доаѓаат со механизам „зенит ел примеро“ (Zenith El Primero) и бројчаници во попарт-бои: зелена, портокалова, жолта и сина.
Цена: $11.800
Новиот часовник доаѓа во четири попарт-бои од репертоарот на USM Haller: зелена, портокалова, жолта и сина.
Извор: Zenith
Bulgari Bronzo
Најновите модели од линијата „булгари алуминиум“ (Bulgari Aluminium) го заменуваат алуминиумското куќиште со бронзено. Бронзата добива златен сјај и со текот на времето развива уникатна патина.
Цена: €6.500 (~$7.645, хронограф) / €5.200 (GMT)
Внатре во бронзениот модел се наоѓа или калибарот B192 (на сликата) или двојниот калибар B381.
Извор: Bulgari
Frederique Constant Classic Perpetual Calendar
Потврдувајќи ја својата репутација на достапен луксуз, овој модел со вечен календар следи ден, датум, месец, престапна година и месечеви мени – сè со едно копче.
Цена: $9.995 (челик) / $29.995 (злато)
Од златната верзија има само 37 парчиња, изработени во чест на 37-годишнината од брендот.
Извор: Frederique Constant
Oris Big Crown Calibre 113
Со механизам со рачно навивање и резерва на енергија од 10 дена, овој часовник од линијата „биг краун“ (Big Crown) е вистински инструмент. Бројчаникот во боја на нане содржи подбројчаници во розово и „бизнис-календар“ што ги следи сите 52 недели.
Цена: $8.100
Oris додава уште еден часовник со нане-зелен бројчаник на својата растечка листа на модели за 2025 година.
Извор: Oris
Laurent Ferrier Classic Tourbillon Teal
Во време на екстравагантни часовници, овој модел го крие турбилонот зад бројчаникот – изработен од петрол-син гранд фу емајл, печен на 800°C. Се одликува со платинесто куќиште во препознатливата форма на брендот.
Цена: 195.000 CHF
Часовник што не „вика“, туку шепоти за супериорност.
Фото: Laurent Ferrier
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...