text size
Кога Тејлор Свифт ја објави својата свршувачка со Тревис Келс не беше само огромниот дијамантски прстен тоа што предизвика воодушевување кај обожавателите. За љубителите на часовници, вистински шок беше реткиот часовник „картие“ (Cartier) од злато и дијаманти што го носеше. Суперѕвездата, носејќи го укинатиот модел „сантос демоизел“ (Santos Demoiselle), го зацврсти статусот на овој бренд како најпосакуван меѓу генерацијата зед, истовремено потресувајќи го пазарот на часовници. „Картие“ ja води транзицијата кон помали елегантни модели, рушејќи ја децениската доминација на големите спортски часовници и помагајќи ѝ на компанијата сопственик, луксузниот конгломерат „ЦФ Ришемон“ (Cie Financiere Richemont SA), годинава да ги надмине најголемите играчи во индустријата, вклучувајќи го и „Ролекс“ (Rolex).