text size
По штотуку завршените општи избори во Ерменија се чини дека оваа земја дополнително ќе се сврти кон ЕУ и кон зајакнување на врските со Западот. Дали тоа и ќе се случи не знаеме, меѓутоа оваа мала, плодна оаза меѓу „немирните води“ на Иран, Турција, Азербејџан и Грузија, а вкотвена под чудовишниот и со снег покриен Арарат, засега се движи во некаков свој исконски ритам. Во него, Арарат или Масис, како што го нарекуваат Ерменците, со своите 5.137 метри височина и видлив речиси од секоја точка, го одзема здивот, додека на природата ѝ ги враќа водата и силата. До него, Малиот Арарат или Сис, висок колку два Копаоника (3.925 метри), како никој да не го забележува.