text size
Во текот на Првата светска војна или Големата војна стотици Британки ја напуштиле сигурноста на своите домови и тргнале кон Балканот за да лекуваат ранети, да основаат болници и да влегуваат во жариштата на епидемиите. Лекарки, болничарки и доброволки од Шкотска и Англија спасувале илјадници животи во Србија, Македонија и Грција. Сепак, размерите на нивниот ангажман со децении останале на маргините на официјалната историја. Денес нивните судбини повторно се откриваат - преку документарни филмови, книжевни дела и истражувања што Големата војна ја осветлуваат од женски агол.