text size
Ако во својот дом имате какво било уметничко дело, веројатно поседувате и графика. Графиките, создадени со пренесување на мотивот од една површина на друга на начин што овозможува повторување - се незабележливите работни коњи во светот на уметноста. Бидејќи главно се изработени на хартија, обично се покревки од сликите во масло на платно, но таа слабост ја надоместуваат со пониската цена, поголемата достапност и со тоа што се попристапни од уникатните дела.