text size
Портрет на Густав Климт беше продаден за 85,3 милиони фунти (108,4 милиони долари) на аукција во лондонската галерија Сотби во вторникот, со што стана највредното уметничко дело продадено на аукција во Европа. Претходниот рекорд беше поставен во 2010 година, кога „Човекот што оди“ („L'homme qui marche“) на Џакомети беше продадена за 65 милиони фунти во Лондон.