Поранешното седиште на Gucci во Лондон се продава за 55 милиони фунти (66,6 милиони долари), со тоа во моментов е најскапата куќа на пазарот во лондонската област Mayfair.
Куќата, која исто така може и да се изнајми за 40.000 фунти неделно има осум спални соби, тераса со градина, базен, зимска градина и сончева соба.
Побарувачката за најдобри куќи во Лондон нагло се зголеми за време на пандемијата и тоа и за купување и за изнајмување, а слабата фунта се повеќе ги привлекува странските купувачи. Неодамна Bloomberg News откри дека еден од најбогатите Швајцарци, Ernesto Bertarelli, купил куќа во лондонскиот кварт Белгравија за 92 милиони фунти.
Поранешното седиште на Gucci е со големина на околу 19 просечни куќи во Велика Британија и се наоѓа на листата за историска заштита. Дизјанирано е во неокласичен стил од страна на архитектот Robert Taylor, изградено е во 1700-тите и некогаш било лондонски дом на lord Brougham, кој на овој имот ја забавувал кралицата Викторија и првиот војвода од Wellington.
Bloomberg
Beauchamp Estates, врвниот советник за недвижности, ќе ја посредува продажбата на куќата на Grafton Street.
На помалку од една милја оддалеченост од „Вилата на Gucci“, инвестоторот на 1 Grosvenor Squareu однапред ги продаде куќите во вредност од 439 милиони фунти што е знак за растот на лондоснкиот пазар на луксузни недвижности.