text size
Неонот беше откриен од Жорж Клод, француски инженер, на саемот за автомобили во Париз во 1910 година. Со испраќање напон низ електродите во затворена стаклена цевка што содржи редок гас, Клод открил дека цевката ќе испушта „прозрачно празнење“. Пред 100 години, златната доба на неонските светилки започна во САД и стана вистинско освежување во надворешното рекламирање, но нивната популарност згасна во 60-тите години на минатиот век, со појавата на други технологии, особено ЛЕД-осветлувањето. Меѓутоа, во последните неколку години, употребата на мали неонски знаци стана тренд во внатрешниот дизајн, и за станбени и за комерцијални цели, за додавање светлина и боја во просторот, но има и други уметнички и дизајнерски апликации.