Три години по контроверзниот крај на серијата Игри на престолот, неверојатниот фантастичен свет на George R. R. Martin се враќа на HBO со Куќа на земјовите. Крвта, сексот, насилството, заговорите и змејовите, што го направија претходникот на серијата толкав феномен во поп-културата, се враќаат. Bloomberg Pursuits имаше шанса порано да ги гледа првите шест епизоди, кои потврдија дека обожавателите нема да бидат разочарани.
Моето сопствено разочарување од крајот на Игри на престолот беше речиси избришано од моите сеќавања, и мислам дека новата серија ќе ги врати неделните ноќи поминати во гледање на HBO.
Дејството на серијата се случува околу 200 години пред Игри на престолот, во време кога бело - русата династија Таргериен има целосна контрола врз Железниот престол, благодарение на нивните моќни змејови. Светот се чини некако помал од оној во Игри на престолот, бидејќи серијата ги следи крвавите маки на фамилијата Таргериен, наместо да скока меѓу сите Големи куќи, и сите карактеристични локации, кои на гледачите им беа познати од почетокот на секоја епизода.
Исто така, костумите и боите се посветли и попривлечни. Ова е ера кога фамилијата Tаргериен се фали со своето богатство, моќ и статус. Нема време за мрачните облеки и луѓе што може да ги најдете во Винтерфел, на пример. Ова е обратното од бавно темпо. Уште на самиот почеток се појавува занес и насилство во домот на Таргериен. Во првите неколку минути, кралот Targaryen, кој е на умирање, ги повикува своите советници за да го одбере својот наследник. Изборот е меѓу Rhaenys (Eve Best) и нејзиниот помлад братучед Viserys (Paddy Considine, во топ форма). Изборот го поставува Viserys на Железниот престол, и ја прави Rhaenys "Кралицата што никогаш не беше".
Но, проблемот со наследството продолжува, бидејќи Viserys не е во добро здравје, и има многу заговори за тоа кој ќе ја наследи круната по неговата смрт. Првиот избор е првородената ќерка на Viserys, принцезата Rhaenyra. Неа ја глуми Milly Alcock како итра тинејџерка, а со ладнокрвна отсечност како возрасна ја глуми Emma D’Arcy. Се очекува дека ова ќе бидат неверојатни перформанси од страна на двете глумици. Rhaenyra е паметна, способна и одличен јавач на змејови. Сепак, Rhaenyra е жена. Како што ја потсетува нејзината братучетка Rhaenys, "мажите попрво би одбрале да го запалат царството, отколку да видат жена на Престолот".
Мизогонијата е вистинска во King's Landing, иако продуцентите на серијата ветија дека во ова издание нема да има графички депикции на сексуално насилство. Друг кандидат за Железниот престол е Daemon, непредвидливиот брат на Viserys, кој со особена злонамерна возбуда го глуми Matt Smith, познат по улогата во Doctor Who. Тој е неверојатно харизматичен лик, но го нема темпераментот на владетел. Уште еден кандидат е неговиот внук Aegon, синот на Viserys со неговата помлада втора сопруга. Тоа се навистина многу платинесто - бели перики!
Не е во трка за Железниот трон, но многу важна за дејството е Alicent Hightower (Emily Carey како тинејџерка и Olivia Cooke како возрасна). Alicent е и жртва на завера од страна на татко и (Rhys Ifans како Раката на кралот) и водач на раскажувањето.
Водителот на шоуто Ryan Condal го нарече шоуто „Наследници на змејовите“ откако семејството на Roy се сите русокоси и склони кон буквално забодување на ножот во грб. Уживањето во насилство завршува со насилство: има многу вознемирувачки умирања во шоуто, кои гледачите ги очекуваат, вклучувајќи едно уште во првата епизода кое сиогурно ќе го запали Твитер.
Во суштина, шоуто нуди повеќе од тоа. Но, кога Игра на престолите беше добра, значи беше добра, Водителите на шоуто не отстапуваат многу од формулата која го направи толку популарно.
Една од основните разлики е примарниот фокус на женската перспектива во Вестерос. Серијата ги испитува главните ликови во улогите на мајки, сопруги, кралици или пиони. На пример, има една непријатна сцена кога кралот нуди брак на млада девојка како начин да го зацрвсти сојузот, таа му кажува дека мајка и и рекла дека не треба да има секс со него додека не наполни 14. Повеќе од еднаш во серијата, сопрузите се приморани да одберат дали да го одделат детето од матките на нивните сопруги за време на тешкото породување знајеќи дека губењето крв ќе ја убие жената. Тешко е за гледање како ликовите се борати ги прифаќаат улогите што им ги доделил животот.
Куќата на змејовите го бележи волшепството на претходните сезони на Игри на пресотолот фокусирајќи се на политизација и кавги преку прекрасни разговори во собата на престолот и пред советот на кралот.
Овие ликови се нови, но Вестерос не е. И прекрасно е да се биде повторно таму.
Во суштина, Куќа на змејовите е шекспирковска семејна дрма за суровоста која татковците, ќерките, браќата и сестрите ќе ги сврти едни против други во потрага за моќ.
Животот во Вестерос е гаден, груб и краток баш како што Томас Хобс смета дека тоа е природна состојба и серијата на моменти е мрачна. Во епизодите има малку светло и фали комичен карактер како Тирон Ланистер.Сите ликови се екстремно сериозни.
Монтажата на првата епизода ми кажа се. Тоа е несуптилна метафора на витези кои се борат до крв испресечени со сцени на жена која раѓа. Покажува како за мажите и жените крвта и смртта е конечниот исход дури и ако можете да ги контролирате змејовите со само еден збор.
Куќа на земјовите почнува на 21 август.