text size
Во последните месеци од годината, кога темпото се забрзува, роковите притискаат, а тимовите се обидуваат да испорачаат резултати и покрај заморот што се наталожил, прегорувањето на вработените станува еден од најпотценетите ризици во деловното окружување. Иако разговорите за прегорувањето (burnout) се сè почести, во практика компаниите и понатаму предоцна го препознаваат моментот кога здравата посветеност преминува во исцрпеност.