text size
Кали Харт го опишува својот самоиздаден роман „Квиксилвер“ (Quicksilver) од 2024 година како свој потег на просветлување. Оваа писателка од Калифорнија напишала десетина мрачно романтични романи низ годините, но ова е нејзиниот прв чекор во светот на романтазијата (англ. romantasy) – жанр што ги спојува епските заплети и магиските светови на фантастиката со силни, судбински поврзани љубовни приказни типични за романсите.