text size
Во време кога корпоративната култура повеќе не се обликува само во канцелариите туку и низ неформални заеднички искуства, а границата помеѓу работното и приватното време станува сѐ пофлексибилна, компаниите бараат нови формати што ја зајакнуваат поврзаноста меѓу вработените. Еден од тие концепти е таканаречениот паб-квиз (pub quiz), тимски натпревар што експресно стана водечки корпоративен ритуал, настан што ги спојува знаењето и забавата во опуштена, но јасно структурирана средина.