text size
Животот во добата на дигиталната револуција и трансформација ни донесе многу позитивни нешта – од заштеда на време до побрза комуникација; светот стана поблизок и подостапен, а извршувањето на многу работи поедноставно и поефикасно. Влијанието на вештачката интелигенција и дигиталните технологии врз нашите животи е повеќеслојно и не се одразува само врз економските туку и врз општествените и културните аспекти.