Во февруари 2011 година, двајца вработени во „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.) разговарале за една епизода од серијата „Ред и закон: Одделение за специјални жртви“ (Law & Order: Special Victims Unit). Епизодата со наслов „Лет“ („Flight“) се занимавала со измислен богат бизнисмен од одбранбената индустрија, Џордан Хејс, обвинет за сексуална злоупотреба на тинејџерка. На банкарите им било јасно на кого мислеле сценаристите: Џефри Епстајн.
„Го впишав ‘СВУ’ (Special Victims Unit - Одделение за специјални жртви) и неговото име, и ми излезе приказна на „Гавкер“ (Gawker): ‘Закон и ред“ ја одбележува склоноста на Епстајн кон тинејџерски проститутки’“, напишал еден од нив во мејл.
Епизодата била емитувана неколку недели откако њујоршки судија пресудил дека Епстајн треба да остане класифициран како сексуален престапник од трет степен. Заплетот имал многу јасни паралели со неуспешниот обид на правниот тим на починатиот педофил да му се ублажи статусот.
Од време на време, поп-културата испраќа ваков сигнал што инсајдерите го препознаваат. Додека ја гледав најновата сезона на „ХБО“ серијата „Индустрија“ (Industry), драма за светот на високите финансии сместена во Велика Британија, имав слично чувство како и тие вработени во „ЏП Морган“. Одредено ниво на заплетот во серијата впечатливо потсетуваше на случајот Епстајн, сличност што ми беше особено тешко да ја игнорирам бидејќи истовремено пишував неделни осврти за серијата и известував за вистинскиот скандал за Блумберг. Финалето беше емитувано во неделата, на 1 март.
Непосредно пред четвртата сезона да излезе во јануари, американското Министерство за правда почна да објавува дел од 3,5 милиони документи познати како документите на Епстајн. Заплетот за сексуална трговија и уцена со интимни содржини во „Индустрија“ се совпадна со нови откритија што првпат детално покажаа како посрамотениот финансиер водел индустриски разработена мрежа за сексуална злоупотреба на млади жени и малолетнички. Иако сценаристите не можеле да знаат многу од тие детали, продукцијата на сезоната завршила минатиот август, серијата морничаво прецизно ја реконструира моралната празнина на светот на елитните контакти на Епстајн.
Интересот за документите на Епстајн делумно го потхранува чувството дека добиваме нефилтриран увид во тоа како навистина се однесуваат некои луѓе на самиот врв на општеството. Сериите како „Индустрија“, а пред неа и „Наследници“ (Succession), нè привлекуваат затоа што создаваат впечаток дека однапред знаеме какви ќе бидат насловите во вестите.
Кит Харингтон глуми пропаднат бизнисмен и политичар, сер Хенри Мук. Depositphotos
Прочитај повеќе
Оставка од шефот на Светскиот економски форум поради врски со Епстајн
Што откри истрагата и зошто ова доаѓа во чувствителен момент за организацијата?
26.02.2026
Британската полиција го уапси Менделсон под сомнение за злоупотреба на службената положба
Британската полиција го приведе Питер Менделсон, поранешен висок функционер од редовите на лабуристите, по објавени документи што наводно покажуваат споделување чувствителни информации со Џефри Епстајн.
23.02.2026
Поранешниот принц Ендрју пуштен на слобода, кризата во кралското семејство продолжува
До утрово, поминаа речиси четири века од апсењето на висок член на британското кралско семејство. Сега, апсењето на неговиот 66-ти роденден на Ендрју, омилениот син на покојната кралица Елизабета II, претставува ново дно за најмоќното семејство во Обединетото Кралство
19.02.2026
Епстајн со години се обидувал да се сретне со Путин
Фасцинацијата на Епстајн со Путин и Русија не стивнала, иако документите го прикажуваат како човек кој во голема мера бил збунет околу тоа кој навистина има моќ и влијание кај рускиот лидер. Фајловите покажуваат повеќегодишен обид да обезбеди средба лице-в-лице со Путин, чие име се појавува околу 1.000 пати во базата на податоци.
19.02.2026
Уапсен поранешниот принц Ендрју поради нелегални активности со Епстајн
Братот на кралот Чарлс е уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција. Ова е прво апсење во британскиот кралски двор од 17 век наваму...
19.02.2026
Епстајн плаќал по 12.000 долари месечно за неговите злодела да „исчезнат“ од интернет
Со години престапникот тајно плаќал илјадници долари месечно за да го „исчисти“ своето име на интернет, откриваат нови документи.
13.02.2026
Многу елементи од серијата се испреплетуваат со суровите општествени норми на светот на починатиот педофил. Она што провејува низ пораките на Епстајн е силно чувство на трансакција: влијателни луѓе си прават услуги еден на друг, очекувајќи подоцна да ги наплатат. Ништо не се прави бесплатно; пријателството, колку и да постои, се темели на размена на материјални користи.
Додека претходните сезони на „Индустрија“ се занимаваа со деталите од животот на банкари, трговци и брокери, најновата сезона се повлекува чекор наназад за да ја согледа целата структура на блиски врски што го поврзуваат лондонскиот Сити со британската политичка и аристократска елита. Таа поставува пошироки прашања за влијанието на естаблишментот кој често не извршува јавни функции, но може да има поголемо влијание од избраните функционери. Тоа силно одекнува во време на општо незадоволство од таквите врски во реалниот свет. Дури и додека формално бил во затворска ќелија во Флорида, луѓе се советувале со Епстајн за сè, од финансиски пазари до голем британски инфраструктурен проект.
Како што се појавија обвинувања дека искусниот британски политички оперативец Менделсон споделувал чувствителни информации со Епстајн, паралелите со „Индустрија“ станаа очигледни: селски забави, интимни разговори со сомнителни бизнисмени и фиктивен лабуристички министер кој наивно се обидува да изгради односи со нив, за на крајот да биде корумпиран. (Пред апсењето, Менделсон изјави дека жали за каква било поврзаност со Епстајн, но дека никогаш но дека никогаш не бил сведок на незаконски дејствија..)
Мариса Абела во фустан на Диор | Depositphotos
Во серијата, како и во реалноста, гледаме како наизглед благородни намери, на пример поттикнување економски раст, можат да пропаднат. „Индустрија“ ниту се обидува да ги сокрие изворите на инспирација, отворено алудирајќи на германскиот скандал со „Вајркард“ (Wirecard) додека ја следи пропаста на измислената компанија „Тендер“.