text size
Домашните миленици сè повеќе влијаат врз навиките на потрошувачите, а парите што сопствениците ги трошат за нивната храна, нега, здравје и разни услуги стануваат сè поважна ставка во буџетот на домаќинствата. Податоците од САД, цитирани од „Блумберг“, покажуваат колку е сериозен пазарот: според Американската асоцијација за производи за домашни миленици (APPA), вредноста на оваа индустрија ќе достигне 158 милијарди долари во 2025 година, а оваа година се очекува раст од околу 4,4 проценти.