text size
Како што се наближува почетокот на Светското првенство во фудбал во Катар чиј почеток е закажан за 20 ноември расте интересот за следење на мечевите на најдобрите репрезентации кои ќе учествуваат на еден од најголемите спортски настани годинава. Извесно е дека повеќето македонски граѓани ќе го следат првенството дома пред своите телевизори, но за оние што размислуваат да го посетат Катар за време на првенството, „Блумберг Адрија“ направи груба пресметка на буџетот кој треба да се одвои за да се гледаат барем неколку мечеви од трибините.