Адитја Митал, извршен директор на производителот на челик „Арчелор Митал“ (ArcelorMittal), инвестира една милијарда долари во купување на удел во тим на НБА-лигата, Бостон Селтикс, од Бил Чизхолм, според лице запознаено со трансакцијата.
Иако Чизхолм ќе остане најголем акционер, Митал ќе има значаен удел во тимот, рече лицето, кое побара да остане анонимно бидејќи договорот е приватен. Групацијата на Чизхолм првично се согласи да ги купи Селтикс во март од „Бостон Баскетбол Партнерс“ (Boston Basketball Partners) и тоа во два дела, при што првата трансакција го процени тимот на 6,1 милијарда долари, рекордна цена за контролна продажба на спортска франшиза.
Дури и со една милијарда долари од „Сикст Стрит Партнерс“, договорот не беше целосно финансиран. Но, обврската на Митал од еднА милијарда долари ѝ помага на групата на Чизхолм да го постигне тоа. Покрај Чизхолм и Митал, меѓу инвеститорите се и Роб Хејл и Брус А. Бил Џуниор.
Прочитај повеќе

Бостон Селтикс продаден за рекордни 6,1 милијарди долари
Компанијата „Сикст Стрит“ (Sixth Street) има инвестирано повеќе од милијарда долари во оваа зделка со Селтикс, тврдат добро упатени извори. „Блумберг њуз“.
20.03.2025

Колку вредат НБА-тимовите и кој може да ги плати?
Вредностите на НБА-франшизите достигнаа историски висини, а последниот пример стигнува од Портланд, каде што екипата Треил блејзерс официјално е ставена на продажба како наследство од Пол Ален, коосновачот на „Мајкрософт“.
20.05.2025

Легендарниот НБА клуб на продажба, проценета вредност од 3,6 милијарди долари
НБА беше сведок на серија големи трансакции во последните години
14.05.2025

НБА ја освојува Европа, почнува проект за нова баскет лига
Комесарот на НБА, Адам Силвер, неделава пред УО на лигата го презентираше проектот - создавање професионална машка кошаркарска лига во Европа.
30.03.2025
Претставниците на Селтикс и Митал не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Митал е син на Лакшми Митал, извршен претседател на „Арчелор Митал“, чие богатство се проценува на 23,9 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“. „Спортико“ претходно објави за ова вложување.