text size
Веста дека Кристал Палас можеби следната сезона нема да заигра во Лигата на Европа, за прв пат во својата 120-годишна историја, покрена голем број прашања за одржливоста на моделот на сопственост над повеќе клубови, познат како МЦО - повеќекратно сопствеништво на клубови (анг. MCO - Multi-Club Ownership). УЕФА ја одложи одлуката поради сложениот финансиски и сопственички однос помеѓу англискиот клуб и Олимпик Лион, кои го делат истиот сопственик, Џон Текстор. Ова е особено критично бидејќи Лион неодамна банкротираше и се соочува со испаѓање од француската Лига 1.