„Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) има за цел да развие големи, најсовремени модели на вештачка интелигенција до следната година, како дел од напорите за изградба на сопствени алтернативи на најмоќните алатки за вештачка интелигенција од „Опен еј-ај“ (OpenAI) и „Антропик“ (Anthropic).
„Мора да испорачаме апсолутен врв“, рече Мустафа Сулејман, главен извршен директор на „Мајкрософт ВИ“ (Microsoft AI), во интервју за Блумберг. „Секако, до 2027 година, целта е навистина да се вгради најсовремена технологија низ моделите што можат да разговараат со луѓето или да генерираат текст, слики и аудио.
Одделот на Сулејман во четвртокот претстави модел за транскрипција на говор за кој „Мајкрософт“ вели дека е попрецизен од конкурентските производи во бенчмарк тестирањето на 11 од 25-те најмногу зборувани јазици. Но, како и со моделите за генерирање глас и слика објавени од групата „Мајкрософт ВИ“ досега, тоа е специјализирана алатка изградена за ефикасност и обучена на помалку точки на податоци од моделите за општа намена како „Клод 3 Опус“ (Claude 3 Opus) или „ГПТ-4“ (GPT-4) на „Опен еј-ај“.
Прочитај повеќе
Најлош квартал на „Мајкрософт“ од 2008 година – ВИ зема двоен данок
„Мајкрософт“ се наоѓа на пресекот на два загрижувачки тренда што го потресуваат технолошкиот сектор
29.03.2026
Најголема трансакција на сите времиња: „Опен еј-ај“ со вредност од 852 милијарди по рунда од 122 милијарди долари
По најголемата рунда од 122 милијарди долари, „Опен еј-ај“ ги зголемува приходите, воведува реклами и се подготвува за излез на берза.
01.04.2026
Новиот советник на „Голдман Сакс“, Риши Сунак, ги повикува малите компании да користат ВИ
Малите компании во Велика Британија забрзано воведуваат ВИ, а поранешниот британски премиер, Риши Сунак предупредува дека без неа ризикуваат да ја изгубат конкурентноста.
28.03.2026
Софтверските акции паѓаат по извештајот дека „Амазон“ развива нови алатки за вештачка интелигенција
„Амазон Веб Сервисес“ развива агент за вештачка интелигенција за автоматизирање на некои од функциите за продажба.
24.03.2026
Бум или балон, кон што се движи ВИ?
Инвеститорите се обложуваат на ВИ како следна технолошка револуција, но огромните трошоци и неизвесниот бизнис-модел ја зголемуваат загриженоста.
19.03.2026
ВИ-суверенитет: Зошто компаниите веќе не му веруваат на големиот облак
Бидејќи вештачката интелигенција влегува во сите деловни процеси, прашањето повеќе не е само кој ја користи туку и кој ги контролира податоците и инфраструктурата на кои таа работи.
17.03.2026
„Величествените седум“ влегуваат во корекција додека растат ризиците од ВИ и војната во Иран
Индексот на „Блумберг“ за компаниите затвори повеќе од 10 проценти под својот октомвриски рекорд, техничкото ниво што укажува на корекција.
14.03.2026
„Мајкрософт“ трупа компјутерска моќност за да изгради модели со поширока способност, рече Сулејман. Компанијата во октомври започна да користи кластер од „Енвидија ГБ200“ (Nvidia GB200) чипови, проширувајќи ги компјутерските ресурси што ѝ се на располагање. „Оттаму, ние некако го забрзуваме процесот во следните 12 до 18 месеци за да стигнеме до извршување операции на ниво на врвни капацитети во моментот“, рече тој.
Флексибилноста и моќта на моделите со вештачка интелигенција делумно се определуваат од бројот на сервери што се користат за да ги научат да анализираат врски помеѓу зборови, слики или аудио. Работата на „Мајкрософт“ долго време беше ограничена од договорните услови со блискиот партнер „Опен еј-ај“. Во замена за лиценцата за вклучување на Чет ГПТ во своите производи, на „Мајкрософт“ му беше забрането да развива свои модели со широка моќ. Таа клаузула исчезна како дел од обновениот договор што двете компании го постигнаа минатата година.
Сулејман, кој се приклучи на „Мајкрософт“ во 2024 година за да ги води напорите на компанијата за вметнување на вештачка интелигенција во своите потрошувачки производи, минатиот месец виде дека неговата надлежност се стеснува на развој на модели. Реорганизацијата му даде на Џејкоб Андреу, поранешен извршен директор на „Снеп“ (Snap), надзор над дигиталниот асистент базиран на ВИ, Мајкрософот Копилот (Microsoft Copilot), за корпоративни и индивидуални корисници, своевидно признавање од страна на компанијата дека не успеала да изгради самостоен ривал на Чет ГПТ за широка употреба.
Сатја Надела, главниот извршен директор на „Мајкрософт“, зборуваше на собирот на развивачите на модели на компанијата оваа недела.
„Примарната порака беше само да се нагласи важноста на нашата сопствена најсовремена долгорочна мисија за самоодржливост на вештачката интелигенција во следните три до пет години“, рече Сулејман, додавајќи дека компанијата ќе продолжи да користи и модели изградени од други компании.
Инаку, новиот модел на транскрипција, кој е дизајниран да го исфилтрира разговорот од бучавата во позадина, ќе започне да ја поддржува услугата за видео-конференции „Тимс“ (Teams) и другите производи на „Мајкрософт“ во наредните месеци, рече Сулејман.