Четботовите засновани на вештачка интелигенција (ВИ) даваат проблематични медицински совети во речиси половина од случаите, според нова студија, што ги истакнува здравствените ризици од технологијата, која сè повеќе станува дел од секојдневниот живот.
Истражувачи од САД, Канада и Велика Британија оценија пет популарни платформи - ЧетГПТ (ChatGPT), Џеминај (Gemini), Мета еј-ај (Meta AI), Грок (Grok) и Дипсик (DeepSeek) - поставувајќи им по десет прашања од пет здравствени категории. Од вкупните одговори, околу 50 отсто беа оценети како проблематични, вклучувајќи речиси 20 отсто што беа високопроблематични, според наодите објавени неделава во медицинското списание БМЏ (BMJ Open).
Четботовите се покажаа релативно подобри кај затворени прашања и прашања поврзани со вакцини и рак, а послаби кај отворени прашања и во области како матични клетки и исхрана, според студијата.
Прочитај повеќе
Банките од Волстрит го тестираат „Митос“ на „Антропик“
Пред да го направи достапен „Митос“ на многу ограничен број компании, „Антропик“ посочи на неколку ранливости.
11.04.2026
Снежана Зивчевска-Сталперс: Постои реален ризик од ВИ-балон
Зошто компаниите доцнат со вистинска трансформација и кој навистина ќе профитира од ВИ-трката откриваме во интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс, технолошки стратег и советник за иновации со меѓународна кариера.
пред 10 часа
Новиот советник на „Голдман Сакс“, Риши Сунак, ги повикува малите компании да користат ВИ
Малите компании во Велика Британија забрзано воведуваат ВИ, а поранешниот британски премиер, Риши Сунак предупредува дека без неа ризикуваат да ја изгубат конкурентноста.
28.03.2026
Одговорите често биле дадени со самодоверба и сигурност, иако ниту еден четбот не успеал да даде целосно комплетна и точна листа на извори на ниту едно прашање, наведуваат истражувачите. Имало само две одбивања да се одговори на прашање, и двете од Мета еј-ај.
Резултатите ја истакнуваат зголемената загриженост за тоа како луѓето ги користат платформите за генеративна ВИ, кои не се лиценцирани да даваат медицински совети и немаат клиничка процена за поставување дијагнози.
Експлозивниот раст на четботовите ги направи популарна алатка за луѓе што бараат насоки за своите здравствени проблеми, а „Опен еј-ај“ (OpenAI) соопшти дека повеќе од 200 милиони луѓе секоја недела му поставуваат здравствени и велнес-прашања на ЧетГПТ. Платформата во јануари најави здравствени алатки за секојдневни корисници и клиничари, а „Антропик“ (Anthropic) истиот месец соопшти дека неговиот производ Клод (Claude) воведува нова здравствена понуда.
Голем ризик при примена на четботови без јавна едукација и надзор е тоа што тие можат да ја засилат дезинформацијата, наведуваат авторите на студијата во БМЏ.
Наодите „истакнуваат важни бихевиорални ограничувања и потреба да се преиспита начинот на кој ВИ-четботовите се применуваат во јавната здравствена и медицинска комуникација“, напишаа тие. Овие системи можат да генерираат „авторитативно звучни, но потенцијално погрешни одговори“, додаваат истражувачите.