Еден ден пред четири години Марк Закерберг доби налет на инспирација и одлучи на своите вработени да им даде прекар метамејтс / metamates (анаграм од англ. соработници / teammates) за да ја нагласи вредноста на заедништвото и соработката. Сега тие исти вработени одлучи да ги замени со вештачка интелигенција (ВИ). Толку од солидарноста.
„Мета“ планира на компјутерите на вработените да инсталира софтвер што ќе ги следи нивните движења со глувчето и кои копчиња ги притискаат. Покрај тоа, софтверот повремено ќе ги снима нивните екрани. Целта е да се соберат податоци за обука на моделите со вештачка интелигенција што подобро ќе имитираат како луѓето работат на компјутери. Тоа вклучува дејства како избор на опции од менија, што за вештачката интелигенција сè уште е тешка задачa. Крајната цел на оваа обука е во некој момент да се заменат луѓето со ВИ-модели, кон кои не е нужно да се биде љубезен или да им се исплаќаат плата и здравствено осигурување.
„Ројтерс“ (Reuters) извести дека во интерен допис на компанијата се наведува дека софтверот ќе ги следи исклучиво апликациите и страниците што вработените ги користат за деловни цели. Значи, роботите нема да учат како да нарачуваат храна или пакети и други начини на кои луѓето губат време наместо да се занимаваат со работа. Исто така, портпарол на компанијата вети дека „Мета“ нема да ги следи активностите во надлежност на човечките ресурси. Единствената цел на снимањето на вработените е да им помогне на ВИ-моделите да се подобрат преку набљудување на нивната работа, како што пишува во дописот.
Прочитај повеќе
„Мета“ ќе отпушти 10 проценти од вработените за да се зголеми ефикасноста
„Мета“ алудираше на своите трошоци за вештачка интелигенција во меморандумот, кој го напиша Џанел Гејл, главнa службеничка за човечки ресурси.
пред 16 часа
„ВИ-перење“: Што стои зад бранот откази во ИТ-секторот
„Мета“ инвестира 135 милијарди долари во вештачка интелигенција, додека „Амазон“ отпушта 16.000 луѓе и покрај рекордните приходи.
22.04.2026
„Мета“ и „Енвидија“ имаат договор за „милиони“ чипови
Со договор за милиони процесори, „Мета“ ја зајакнува врската со „Енвидија“ и ја забрзува изградбата на нова генерација ВИ-инфраструктура.
18.02.2026
Вештачката интелигенција може да биде трансформативна и сепак да биде меур
Вештачката интелигенција веќе ја преобликува економијата, но зад епските вложувања се кријат ризици што регулаторите мора навреме да ги препознаат.
12.02.2026
Меѓутоа, дури и ако ги игнорираме импликациите од таквото шпионирање, на вработените во „Мета“ не им се пишува добро. Ова е само еден од низата чекори во рамките на програмата за собирање податоци наречена „ВИ за работа“ (AI for Work), во која „Мета“ се обидува да „интегрира вештачка интелигенција во секоја алатка, оддел и процес“ во компанијата.
Нужна последица на таа интеграција е губење на работната сила. „Ројтерс“ претходно извести дека до 20 мај се очекува компанијата да има 10 проценти помалку работници. Со други зборови, компанијата планира да отпушти 8.000 вработени, а тоа е само почеток. До крајот на годината е предвиден уште еден круг откази, веројатно со сличен обем.
За тоа делумно е одговорна големата потрошувачка на компанијата за вештачка интелигенција. „Мета“ неодамна објави дека очекува да потроши од 115 до 135 милијарди долари на капитални инвестиции во 2026 година, што е двојно повеќе од минатата година, а најголемиот дел од тие средства е наменет за инвестиции во вештачка интелигенција. Компанијата ќе мора да ги жртвува платите на вработените за да ги покрие трошоците.
Сосема е јасно дека Закерберг има намера да ги замени тие вработени со роботи. Минатата година во поткастот на Џо Роган изјави дека очекува вештачката интелигенција во скоро време да се развие до таа мера што во компаниите ќе може да ги извршува задачите на просечен софтверски инженер. Многу лоша прогноза за софтверските инженери во „Мета“. Ако знаете дека утре ќе ве замени вештачка интелигенција, и тоа токму благодарение на имитирање на вашата работа, многу е веројатно дека ќе станете помалку продуктивен.
На тоа се надоврзува и преовладувачкиот став на јавноста за вештачката интелигенција. Според анкета на КЈ (Quinnipiac University), 55 проценти од Американците сметаат дека вештачката интелигенција ќе им донесе повеќе штета отколку корист (на пример, со одземање работни места). Тие не полагаат големи надежи дека развојот на ВИ ќе му помогне некому освен на извршните директори како Закерберг, кои трошат стотици милијарди долари за тоа.
Цената на акциите на „Мета“ не се промени многу во последните две години. Инвеститорите можеби чекаат да видат дали огромната инвестиција на Закерберг во ВИ ќе пропадне исто толку неславно како неговата инвестиција во „Метаверзумот“. Ако роботите не ги исполнат очекувањата, можеби ќе сфати дека залудно им свртел грб на своите метамејтс.