„Антропик“ (Anthropic PBC) доверливо достави нацрт-документација за јавна котација, потенцијално претркувајќи го долгогодишниот конкурент „Опен еј-ај“ (OpenAI) во трката за берзанско деби на Волстрит уште оваа есен.
„Бројот на акции што ќе се понудат и цената сè уште не се утврдени“, соопшти компанијата во блог пост во понеделник.
„Антропик“, некогаш сметан за аутсајдер во однос на „Опен еј-ај“, во последните месеци се истакна пред креаторот на ЧетГПТ (ChatGPT) на повеќе фронтови. Развивачот на „Клод“ (Claude) собра 65 милијарди долари во рунда на финансирање минатата недела со проценка од 965 милијарди долари, вклучувајќи ја и инвестицијата, за прв пат надминувајќи ја вредноста на „Опен еј-ај“. Напредокот на „Антропик“ во кодирањето и способностите во кибер - безбедноста ги потресоа пазарите, а исто така привлече и нови деловни клиенти.
Прочитај повеќе
Глобална трка по „Митос“ на „Антропик“ - и ЕУ сака пристап до ВИ моделот
ЕУ бара пристап до „Митос“ бидејќи моделот може да е голем кибер-безбедносен ризик
28.05.2026
Како изгледа историското ИПО на „Спејс екс“ во споредба со најголемите котации досега
„Блумберг“ анализира како идното ИПО на „Спејс екс“ се споредува со 100-те најголеми котации во светот од 2000 година.
27.05.2026
„Антропик“ пред рунда од над 30 милијарди долари и вреднување поголемо од 900 милијарди
Вреднувањето на „Антропик“ би можело да надмине 900 милијарди долари и да ја престигне „Опен еј-ај“.
23.05.2026
„Антропик“ бара нова инвестиција од 30 милијарди долари
По огромниот успех на ВИ-софтверот, „Антропик“ забрзува со собирање средства за да обезбеди дополнителна компјутерска моќ.
13.05.2026
Идејата дека Клод има емоции е одлична за „Антропик“
Ричард Докинс верува дека големиот јазичен модел Клод е свесен откако разговарал со него три дена и бил импресиониран од неговите суптилни и интелигентни одговори.
12.05.2026
„Антропик“ претстави ВИ-агенти за извршување задачи за финансиски услуги
Агентите можат да изготвуваат шеми за состаноци, да ги прегледуваат финансиските извештаи и да ги ескалираат случаите за преглед на усогласеноста.
06.05.2026
Со поднесувањето во понеделник, „Антропик“ е подготвен потенцијално да го победи „Опен еј-ај“ на јавниот пазар, поставувајќи се себеси за привлекување поголемо внимание и капитал од поголем број инвеститори. Се вели дека самиот „Опен еј-ај“ подготвува свое доверливо поднесување за ИПО во наредните недели и се стреми кон јавно деби некаде на есен, објави „Блумберг“ во мај.
Во интервју за „Си-ен-би-си“ во понеделник, главниот извршен директор на „Опен еј-ај“, Сем Алтман, ја ублажи реториката дека неговата фирма е во трка со „Антропик“ за ИПО. „Ќе го направиме тоа кога ќе сметаме дека ќе има смисла“, рече тој.
„Антропик“ и конкурентот „Опен еј-ај“ поголемиот дел од изминатата година се надмудруваа со низа лансирања на модели на вештачка интелигенција, насочени кон поедноставување на поширок спектар на професионални задачи - од кодирање преку финансиски услуги до здравствена заштита - со цел да привлечат повеќе деловни клиенти и да ги оправдаат нивните високи проценки.
Додека „Антропик“ неодамна се најде на насловните страници поради тоа што доживеа 80-кратно зголемување на годишните приходи, „Опен еј-ај“ ја преиспитува својата линија на производи и го менува лидерството, како и се соочува со нови сомнежи за својот раст по извештајот дека не достигнале одредени цели за внатрешни приходи и корисници. Како одговор, главниот финансиски директор на „Опен еј-ај“, Сара Фрајар, претходно изјави за „Блумберг“ дека компанијата ги исполнува своите цели и гледа „вертикален ѕид на побарувачка“ за своите производи.
„Антропик“, исто така, се соочува со некои неизвесности. Компанијата моментално е заглавена во правна битка со американската влада откако Пентагон ја прогласи за ризик во синџирот на снабдување, ознака што обично се резервира за странски ривали. „Антропик“ изјави дека потегот на администрацијата на Трамп би можел да загрози милијарди долари приходи.
Компанијата очекува да објави приходи од 10,9 милијарди долари за вториот квартал, што е повеќе од двојно зголемување во однос на претходниот тримесечен период, објави „Блумберг њуз“. „Антропик“ е исто така на пат за својот прв профитабилен квартал.
„Антропик“, „Опен еј-ај“ и „Спејс екс “ продолжуваат со плановите за котирање за да отворат моќен канал за потенцијално прибирање свеж капитал. Додека финансирањето на приватниот пазар драматично порасна, јавното котирање им дава на компаниите пристап до најширокиот можен опсег на инвеститори. Исто така, им дава можност на раните поддржувачи и вработени полесно да ги монетизираат своите удели.
Се очекува „Голдман Сакс“ , „Џеј Пи Морган“ и „Морган Стенли“ да бидат разгледани за клучни улоги при процедурите на котирање на „Антропик“ и „Опен еј-ај“, велат луѓе запознаени со ова прашање.
-Со помош на Мајкл Хита.