„Опен еј-ај“ (OpenAI) подготвува голема реконструкција на платформата пред долгоочекуваната иницијална јавна понуда (ИПО) подоцна оваа година за подобро да се натпреварува со конкурентите како што е „Антропик“ (Anthropic), објави „Фајненшл Тајмс“ (Financial Times).
Компанијата со седиште во Сан Франциско планира да го трансформира ЧетГПТ од стандарден чет-бот со прашања и одговори во сеопфатна „суперапликација“, а промените ќе бидат воведени во наредните недели, објави весникот, повикувајќи се на сегашни и поранешни вработени кои не беа идентификувани.
Стратегијата е водена од убедувањето дека иднината на вештачката интелигенција им припаѓа на автономни агенти способни да извршуваат сложени задачи со повеќе чекори - како што се резервација на патувања или управување со календари - наместо едноставно да одговараат на прашања.
Прочитај повеќе
„Антропик“ поднесе доверлива пријава за ИПО во трката со „Опен еј-ај“
По новата рунда на финансирање вредноста на компанијата се проценува на 965 милијарди долари
01.06.2026
Како изгледа историското ИПО на „Спејс екс“ во споредба со најголемите котации досега
„Блумберг“ анализира како идното ИПО на „Спејс екс“ се споредува со 100-те најголеми котации во светот од 2000 година.
27.05.2026
Сè што треба да знаете за ИПО-то на „Опен еј-ај“
Се очекува „Опен еј-ај“ да поднесе барање за иницијална јавна понуда во наредните денови или недели.
25.05.2026
„Антропик“ пред рунда од над 30 милијарди долари и вреднување поголемо од 900 милијарди
Вреднувањето на „Антропик“ би можело да надмине 900 милијарди долари и да ја престигне „Опен еј-ај“.
23.05.2026
Реорганизацијата ќе вклучува редизајн на веб-страницата на компанијата и интерфејсот на мобилната апликација, додавајќи нови алатки за кодирање, генерирање слики и апликации изградени од партнери, како што се „Канва“ (Canva) и „Букинг“ (Booking.com), објави весникот.
Производот за пишување софтвер на „Опен еј-ај“, Кодекс (Codex), ја зголеми својата активна база на корисници шесткратно на повеќе од 5 милиони неделно од неговото лансирање. Два милиони деловни клиенти на компанијата сочинуваат приближно 40 проценти од приходите, бројка што би можела да се зголеми на 50 проценти до крајот на годината, соопшти ФТ.
„Опен еј-ај“ ги остави настрана некои иницијативи фокусирани на потрошувачите, како што е производот за генерирање видеа лансиран пред помалку од една година, за да се фокусира на реорганизацијата, според весникот.
„Информејшн“ (The Information) објави на 3 јуни дека „Опен еј-ај“ планира да ги спои Коедекс и ЧетГПТ во таканаречена „суперапликација“ во наредните недели.