Група потрошувачи од Калифорнија во тужба тврдат дека сопствениците на бензински станици, вклучувајќи ги „Волмарт“ (Walmart Inc.), „Маратон Петролеум“ (Marathon Petroleum Corp.), „БП“ (BP Plc.) и „7-Елевен“ (7-Eleven Inc.), користат вештачка интелигенција за нелегално манипулирање со цените на бензинските пумпи во државата која веќе има највисоки цени во САД.
Компаниите, кои управуваат со повеќе од 1.700 бензински пумпи низ целата држава, користат алатка со вештачка интелигенција од „Калибрејт Фјуел Системс“ (Kalibrate Fuel Systems) која автоматски ги прилагодува цените врз основа на доверливи податоци во време кога бензинот надмина 7 долари за галон (околу 3,9 литри) во некои области, според тужбата поднесена во понеделник до федералниот суд во Сакраменто.
Користејќи го алгоритмот, сопствениците на пумпите го поскапеле бензинот и до 22 центи за галон, а дизелот за 33 центи, и покрај веќе високите цени предизвикани од војната на САД со Иран, тврдат тужителите. Секој дополнителен цент ги чини возачите во Калифорнија околу 134 милиони долари годишно, според тужбата.
Прочитај повеќе
Значително намалување на цените на горивата од полноќ
Возачите од вечерва ќе плаќаат пониски цени за гориво.
пред 7 часа
Нафтата под 80 долари по охрабрувачките разговори САД-Иран
Напредокот во разговорите меѓу САД и Иран внесе оптимизам кај инвеститорите и ги придвижи светските пазари. Дали ова е почеток на поголемо смирување на геополитичките тензии или само краткотраен здив пред нова нестабилност?
пред 11 час
Извозот на нафта од Иран „експлодираше“ – седум супертанкери испловија по подигање на блокадата
Иранците очекуваат брзо закрепнување на излезот на нафта од земјата бидејќи производството беше само накратко намалено за време на конфликтот.
19.06.2026
Ќе ни дава ли вештачката интелигенција плата кога поради неа ќе останеме без работа?
Како што вредноста на компаниите за вештачка интелигенција вртоглаво расте, прашањето дали дел од тоа богатство треба да заврши во рацете на граѓаните станува сè погласно.
пред 8 часа
Зошто ЕУ се откажува од мега-податочни центри за вештачка интелигенција?
Со ова ЕУ ќе заостане дополнително во трката со технолошките гиганти од САД и Кина
19.06.2026
Зошто САД ја блокираа својата најмоќна алатка за вештачка интелигенција?
Иако администрацијата тврди дека ја штити земјата од сајбер закани, потезите против домашните компании за вештачка интелигенција би можеле да станат сериозен проблем за американските одбранбени системи.
17.06.2026
Минатиот месец, калифорнискиот надзорен орган за гориво издаде судски покани до некои сопственици на пумпи поради високите цени.
Тужбата е меѓу првите поднесени според AB 325, закон што Калифорнија го донесе минатата година, со кој се забранува употребата на споделени алгоритми за одредување цени. Со неа се бара отштета за возачите во државата кои преплатиле за гориво според законот за антимонополска политика на Калифорнија.
Портпаролите на „Волмарт“, „Маратон“, „БП“, „7-Елевен“ и „Калибрејт“ не одговорија веднаш на мејлот во која се бара коментар за тужбата.