Банките од Волстрит во голема мера изостанаа од бранот на собирање капитал во вредност од 5,8 милијарди долари што оваа недела во Хонгконг го предводеа кинеските компании за вештачка интелигенција.
Развивачот на модели за вештачка интелигенција „Жипу“ (Zhipu) предводеше со продажба на акции во вредност од четири милијарди долари во четвртокот, што е втората најголема емисија на акции во Хонгконг годинава. ИПО-то на „Жипу“ беше пред само шест месеци, а до средата акцијата порасна за околу 1.500 отсто. Во четвртокот претпладне, во еден момент, таа доби уште 22 отсто.
Меѓународните банки немаа улога во продажбата на акциите на „Жипу“, каде што единствен ангажиран организатор беше водечкиот кинески инвестициски посредник ЦИЦЦ (China International Capital Corp.). Во меѓувреме, ЦИЦЦ и „Ситик секјуритис“ (Citic Securities Co.) беа единствените банки вклучени во продажбата на акции вредна 901 милион долари на „Шангај Бирен технолоџи“ (Shanghai Biren Technology Co.), започната во петокот.
Прочитај повеќе
Добавувачот на „Епл“, „Луксшер“, се подготвува акциите во Хонгконг да ги понуди по највисоката цена
Големиот интерес за технолошките компании му отвора пат на „Луксшер“ кон најголемата првична јавна понуда на акции во Хонгконг годинава.
06.07.2026
На кинеските и хонгконшките инвеститори им е забранет пристап до ИПО-то на „Спејс икс“ од безбедносни причини.
Сè поголемите геополитички тензии и строгите американски безбедносни прописи почнаа директно да ја обликуваат сопственичката структура на некои од највредните технолошки компании пред нивното излегување на берза.
05.06.2026
Акциите на „Леново“ близу рекорд по силниот раст поврзан со вештачката интелигенција
Акциите на водечкиот светски производител на персонални компјутери добија дури 17 проценти во Хонг Конг.
22.05.2026
Еуфоријата по Лабубу може да пукне како балонот со „Бини бејбис“, велат аналитичари
Успехот на Лабубу можеби го достигнува својот врв: растот на „Поп Март“ забавува, акциите паѓаат, а аналитичарите алармираат дека другите франшизи не носат доволно нова побарувачка.
21.11.2025
Компанија за електрични возила во подем - успеа да собере 1,8 милијарда долари во Хонгконг
Партнерството со „Хуавеј“ го катапултира растот на кинескиот производител и го постави темпото за иднината на индустријата за електрични возила...
03.11.2025
„Миндреј“ ќе котира на берзата во Хонг Конг
„Миндреј“, најголемиот кинески производител на медицинска опрема, планира да собере над 1 милијарда долари со котирање на берзата во Хонг Конг.
16.09.2025
За банките од Волстрит, учеството во вакви трансакции претставува предизвик бидејќи вештачката интелигенција е во срцевината на технолошкото ривалство меѓу Вашингтон и Пекинг. Зделките поврзани со секторот ја поттикнуваат активноста на пазарот во Хонгконг, каде што средствата собрани преку продажба на акции достигнаа највисоко ниво во последните пет години, поттикнати од силниот интерес за домашните шампиони во една од приоритетните области за Кина.
„Кинеските компании поврзани со вештачката интелигенција забрзано излегуваат на пазарот за да соберат капитал, користејќи го силниот интерес за инвестиции во ВИ“, изјави Марвин Чен, аналитичар во „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence) во Хонгконг.
„За инвеститорите, новите иницијални јавни понуди нудат можност да инвестираат директно во компании за вештачка интелигенција, без истовремено да бидат изложени на бизнисите со е-трговија што ги имаат повеќето големи кинески технолошки компании.“
Bloomberg
ЦИЦЦ има убедлива предност на ранг-листата на организатори на емисии на акции во Хонгконг, со речиси пет милијарди долари поголем обем на зделки од „Морган Стенли“ (Morgan Stanley), поттикната и од продажбата на акции на „Жипу“. Првите пет места ги заокружуваат „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group Inc.), „Ситик секјуритис“ (Citic Securities Co.) и „Хуатај секјуритис“ (Huatai Securities Co.). „Морган Стенли“ вообичаено беше на првото место во изминатите години.
„Учеството на странските банки е значително послабо кога станува збор за водечки или спонзорски улоги во одредени големи зделки на кинески компании за вештачка интелигенција“, изјави Енди Вонг, раководител за иницијални јавни понуди во советодавната компанија „СВ Хонгконг“ (SW Hong Kong).
Иако постои интерес од меѓународни инвеститори, значителен дел од побарувачката доаѓа преку каналот за тргување на инвеститори од континентална Кина, како и од кинески инвестициски фондови и домашни институционални инвеститори, додаде тој.
ШИКС оваа недела претставува извесен исклучок. Компанијата во средата започна продажба на акции во вредност од 902 милиони долари, во која учествуваат банки како „Голдман Сакс“, „Морган Стенли“, „Хуатај секјуритис“ и „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.). Но, за разлика од „Жипу“ и „Бирен“, „Илуватар“ не се наоѓа на американската листа на трговски ограничувања.
Акциите на „Илуватар“ пораснаа за повеќе од 300 отсто од котирањето во Хонгконг во јануари, додека акциите на „Бирен“ добија околу 150 отсто од продажбата на акции на почетокот на годинава.
Фактот што „Жипу“, „Бирен“ и „Илуватар“ повторно собираат капитал толку брзо по нивните иницијални јавни понуди укажува на потребата од дополнителни средства за финансирање на растот, додека се обидуваат да го намалат заостанувањето зад конкурентите. „Жипу“, која тргува под името КАТ (Knowledge Atlas Technology), собра над шест пати поголем износ отколку при својата иницијална јавна понуда.
„Кинеските банки годинава стекнуваат сѐ посилна позиција во зделките во Хонгконг“, изјави Вонг од „СВ Хонгконг“. „Но тоа не значи целосна доминација, странските банки и натаму имаат важна улога во меѓународните транши и во покомплексните зделки.“