„Мајкрософт“ (Microsoft) и „Блекрок“ (BlackRock) ги здружуваат силите со еден од своите најголеми ривали. Овие две компании, заедно со третиот партнер - МГХ (MGX) од Абу Даби - заеднички работат на иницијатива за изградба на дата-центри и друга инфраструктура поврзана со вештачка интелигенција (ВИ) вредна 30 милијарди долари, а минатата недела објавија дека им се придружува и „Екс еј-ај“ (xAI) на Илон Маск.
Во иницијативата официјално ќе се придружи и „Енвидија“ (Nvidia), која веќе има улога на технички советник на групата компании.
„Мајкрософт“, кој вложи околу 13 милијарди долари во „Опен еј-ај“ (OpenAI), сè повеќе развива ВИ надвор од тоа партнерство. Софтверскиот гигант создаде интерни модели на ВИ за кои верува дека можат да се натпреваруваат со „Опен еј-ај“, објави „Блумберг њуз“ месецов. Маск, коосновач на „Опен еј-ај“, во меѓувреме јавно се скара со Сем Алтман поради настојувањето на компанијата да премине на профитен модел на работење.
Прочитај повеќе

Што го кочи развојот на вештачката интелигенција во Европа? Прашавме експерт во Амазон
Околу 70 отсто од клучните модели на вештачка интелигенција од 2017 година се развиени во САД, додека европските компании имаат многу мал удел во оваа област.
25.02.2025

Вештачката интелигенција е златна кокошка за производителите на електроопрема
Пазарот на капитал ја цени примената на вештачката интелигенција.
24.02.2025

Прифатете ги вештачката интелигенција и зелените инвестиции или надевајте се дека ќе преживеете
Една третина од извршните директори одговориле дека генеративната вештачка интелигенција (GenAI) ги зголемила приходите и профитабилноста во текот на изминатата година.
19.02.2025

Борба на моделите: Кој води во светот на вештачката интелигенција?
Малку повеќе од две години по дебито на ЧетГПТ, сцената со вештачка интелигенција е значително поразвиена, а алатките базирани на вештачка интелигенција станаа вообичаени. Чија е најдобра?
13.02.2025

Вештачка интелигенција: Во трката влегува и ЕУ со милијарди евра
Може ли ЕУ да фати чекор со САД и со Кина?
13.02.2025

Маск најави нов модел на ВИ: Понекогаш ми се чини дека Грок 3 е застрашувачки паметен
Илон Маск на самит во Дубаи го најави излегувањето на моделот Грок 3 наскоро, кој треба да ја надмине конкуренцијата.
13.02.2025

Колку е Македонија подготвена за вештачка интелигенција?
Македонската економија со ниво на индекс од 0,48 бодови е над медијаната, односно во горната половина од рангираните земји.
12.02.2025
МГХ исто така го поддржа „Опен еј-ај“, вложи пари во „Екс еј-ај“ и е еден од ентитетите што помагаат во финансирањето на инвестицискиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за вештачка интелигенција вреден 100 милијарди долари, наречен Ѕвездена порта (Stargate). Го надгледува еден од највлијателните светски преговарачи – Шеик Тахнун бин Зајед ал Нахјан – кој неделава се сретна со Трамп во САД.
Барањата за капитал и ентузијазмот околу ВИ поттикнаа низа компании и инвеститори да склучат сојузи за да изградат големи центри за податоци во светот. Шеик Тахнун планира да разговара со Трамп за зголемување на инвестициите на Емиратите во САД, во секторите технологија и енергетика, објави „Блумберг њуз“.
Групата поддржана од „Мајкрософт“ ќе се преименува во АИП (AI Infrastructure Partnership / АIP) и ќе се фокусира на инвестиции во инфраструктура – вклучувајќи енергетски проекти – главно во САД, a дел од парите ќе биде распределен во партнерски земји, според компаниите. Планот предвидува привлекување дополнителни инвеститори. Клиентите, вклучувајќи пензионери и осигурителни компании, се желни за такви долгорочни инфраструктурни проекти, наведе во изјава главниот извршен директор на „Блекрок“, Лари Финк.
„Блекрок“ и „Мајкрософт“ минатата година претставија коалиција во партнерство со компаниите МГХ и ГИП (Global Infrastructure Partners). Компаниите тогаш рекоа дека ќе бараат 30 милијарди долари приватен капитал во неопределен временски период и на крајот ќе искористат дури 100 милијарди долари потенцијални инвестиции.
Конзорциумот посочи дека доставувачите на енергија „Некст ера“ (NextEra Energy) и ГЕ (GE Vernova) „се согласија да соработуваат со АИП за да го забрзаат спроведувањето критични и диверзифицирани енергетски решенија за ВИ дата-центри“. Во јануари двете компании најавија партнерство за да го искористат растот на интересот за дата-центри.
Трката за инвестиции во ВИ има огромно влијание врз глобалната побарувачка за електрична енергија. Се очекува до 2034 година потрошувачката на енергија од дата-центрите да надмине 1.580 терават-часа, колку што денес се користи во цела Индија, објави „Блумберг“ минатата година.