Австралиската агенција за онлајн безбедност предупреди дека четботовите со вештачка интелигенција (ВИ) што поттикнуваат самоубиство или водат сексуално експлицитни разговори претставуваат „јасна и непосредна закана“ за децата. Во таа насока, земјата воведе нов сет правила за да ги регулира овие технологии.
Новите мерки доаѓаат како дел од пошироките дигитални ограничувања во Австралија, меѓу кои и првата светска забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години. Законот стапува во сила во декември и се однесува на платформи како Фејсбук и Инстаграм (и двете во сопственост на „Мата“), како и Јутјуб.
Комесарката за е-безбедност Џули Инман Грант во соопштение објавено во вторникот наведе дека децата сè почесто се изложени на „ужасна“ и несоодветна содржина за нивната возраст. Таа посочи дека слушнала за случаи во кои деца на возраст од само 10 години стапуваат во сексуални интеракции со вештачки виртуелни придружници, кои најчесто функционираат без регулација.
Прочитај повеќе

„Опен еј-ај“ отвора нова ера на вештачка интелигенција во програмирањето
Новиот систем ГПТ 5 (GPT-5) е побрз, попрецизен и помалку склон кон измислување информации од своите претходници.
08.08.2025

Агент на „Опен еј-ај“ функционира како истражувачки аналитичар
Нова алатка со вештачка интелигенција што истражува за вас: заштедете часови работа.
04.02.2025

Што е кинеската „Дипсик“ и зошто го тресе светот на вештачката интелигенција?
„Дипсик“е основана во 2023 година од Лианг Венфенг, шеф на квантниот хеџ фонд „Хај-флаер“ (High-Flyer), управуван од вештачката интелигенција.
27.01.2025
Строги технолошки барања за заштита на малолетници
Според новите правила, сите веб-страници што прикажуваат или дистрибуираат порнографија или друга „високосугестивна содржина“ ќе мора да имплементираат технологии за проверка на возраста, за да го спречат пристапот на деца. Продавниците за апликации (app stores) ќе мора да обезбедат правилно рангирање на апликациите според возраста и да воведат механизми за проверка на возраста при преземање.
Регулациите се однесуваат на широк спектар на дигитални услуги, вклучувајќи ги социјалните мрежи, гејминг-платформите и ВИ-услугите. За прекршувања се предвидени казни до 50 милиони австралиски долари (околу 33 милиони американски долари).
„Не сакам австралиските деца и млади да станат жртви на моќни технологии што се појавуваат на пазарот без безбедносни ограничувања“, изјави Инман Грант.
Оваа иницијатива е дел од пошироките напори на австралиската влада за справување со ризиците што ги носи брзиот развој на технологијата, особено кога станува збор за ранливи групи како што се децата и младите.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...